Основан во Јапонија во 2013 година, Минисо активно го истражува меѓународниот пазар и како резултат на тоа, за помалку од 4 години отвара 2600 продавници. До денес, има склучено договори за франшиза со преку 60 држави, вклучувајќи ги УСА, Канада, Русија, Сингапур, Кина, Хонг Конг, Малезија, со месечен вкупен раст од 80-100 продавници.
Брендот Минисо се промовира преку своите клучни стратегии, со ажурирање на производите на неделно ниво, ниските цени и таргетирање на потрошувачи на глобалните интелегентни производи за широка потрошувачка.
Инспириран од Јапонската мода и животниот стил, Минисо има 11 категории со вкупно над 8.000 производи. Здравје и убавина, дигитални производи, сезонски производи, лајф департмент, играчки...
Минисо не е само бренд, туку е и животен стил. Обидувајќи се однапред да ги предвидат потребите на купувачите, се враќаат кон природните производи и на своите клиенти им нудат автентични, квалитетни и лесно пристапни производи.
Минисо се фокусира на суштината на производите, внимава на квалитетот и одржува баланс помеѓу квалитетот и цената на производите. Брендот следи едноставна филозофија, дизајнирајќи производи по соодветни цени, земајќи ги во предвид природните ресурси, животната средина и рециклирањето.
Минисо внимава на општествената одговорност кон планетата, животните и луѓето и посветува големо внимание на безбедноста на продуктите кои ги произведува.
Главен слоган на компанијата е LOVE LIFE, LOVE MINISO. Сакај го животот, сакај го Минисо.Новата франшиза на овој јапонски бренд, за почеток, својот прв салон го отвора во трговски центар РЕ мол - Тетово, и има потреба од Персонал за продажба:
ПРОДАВАЧ - ТЕТОВО
Обврските вклучуваат:
- Прифаќање и услужување на сите купувачи кои влегуваат во продажниот салон и креирање на пријатна и топла околина вклучувајќи и одлична услуга.
- Одговарање на сите поставени прашања од страна на купувачите и давање предлози доколку ви дозволува ситуацијата.
- Полнење на излогот доколку е потрошена роба.
- Познавање и управување на касата и процесирање на трансакции.
- Оддржување на професионално однесување и ентузијазам кон купувачите.
- Стремење кон продажните цели на продавницата.
- Организирање и редење на производите откако ќе стигне роба.
- Други обврски доколку е потребно.
Квалификации:
- Завршено средно образование.
- Познавање на барем два јазика: Македонски, Албански и Англиски
- Се преферира претходно искуство во малопродажба.
- Богат речник и добри комуникациски способности. Способност за влијание врз купувачите, тимот, и менаџментот.
- Способност да се прават основни математички пресметки и користење на компјутер.
- Да бидете достапни за работа во секое време, вклучувајќи наутро, навечер, викенди и на празници.
Почетна нето плата: 16.000,00 денари
Потребни се ведри Тетовчани искусни во продажба и кои одлично говорат најмалку 2 јазика (македонски-англиски-албански), спремни да започнат со работа во ПЕРИОД ОД 25.10 - 10.11
За одбраните кандидати е обезбедена неколку дневна квалитетна обука, работното време е според работата на трговските центри - 6 работни дена и 1 неработен (согласно ЗРО).
Се планираат уште дуќани во Скопје...
Кандидатите кои сакаат да бидат дел од нашиот тим треба да достават кратка биографија (CV) преку полето Аплицирај.