Друштво за производство, трговија и услуги
РЕНОВА ДОО експорт - импорт с. Џепчиште, Тетово
Објавува ОГЛАС за вработување на:
МЕНАЏЕР ЗА МАРКЕТИНГ
(1 извршител)
Квалификации:
- Минимум ВСС
- Претходно работно искуство на работна позиција поврзана со продажба ќе се смета за предност
- Развиени компјутерски вештини и познавање на MS Office програмите
- Одлично познавање на Англиски Јазик
- Возачка дозвола за Б категорија
Одговорности и задачи:
- Развој на стратегии и планови со цел зголемување на продажба
- Креирање на политика за настап и влез на нови пазари
- Комуникација со постоечки клиенти и стекнување на нови клиенти
- Анализа и преглед на извршените активности и остварените резултати од продажба
- Развој и реализација на промотивни активности, маркетинг кампањи, саеми, промоции и сл.
- Водење на евиденција и ефикасна распределба на буџетот за продажни активности
- Подобрување на пласманот на производите согласно потребите на пазарот
- Следење на однесувањето на потрошувачите, трговците и конкуренцијата
- Кординација во рамките на секторот за маркетинг и продажба
- Контрола на продажба, наплата, нови клиенти, одговорности, водење евиденција, следење на лимити и поставени рамки
- Интернет маркетинг, маркетинг на социјални медиуми
- Управување и координација на сите маркетинг стратегии, рекламни и промотивни активности
- Планирање на социјалните медиуми, интернет и директни маркетинг кампањи
- Развој и имплементација на маркетинг плановите и проектите
- Набљудување, преглед и извештај за сите маркетинг активности и резултати
- Изработка на маркетинг активност во рамките на договорениот буџет
- Извештај за враќање на инвестицијата и клучните индикатори
- Одржување врски со медиумите и рекламирањето, креирање маркетинг презентации
- Комуникација со дизајнери и печатници
- Соработка со останатите сектори
- Поднесување на тековни извештаи до Управителот на друштвото
Личен профил:
- Добри организациски, комуникациски и аналитички вештини
- Способност за анализа на проблеми, логично расудување и предлагање на решенија
- Доверлива и одговорна личност, ориентирана кон остварување на резултати
- Самоиницијативност, упорност и енергичност
- Креативност и прецизност
- Способност за тимска работа и работа под притисок
- Способност за работа во различни сектори, во динамично окружување
Ние нудиме одлични работни услови, пробен период во времетраење од 3 месеци, со можност за вработување на неопределено време.
Доколку ги исполнувате горенаведените квалификации, Ве покануваме да испратите Ваша лична биографија(CV) преку полето Аплицирај, со задолжителна назнака „Менаџер за маркетинг“.
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!