Меѓународниот свет на модата е бесконечен бизнис. Сезоните се кратки и колекциите се менуваат и ротираат континуирано. Поради децентрализираното производство и дистрибуцијата во рамки на целиот свет, може да се каже дека денешната мода е навистина глобализирана. Професионалците, на ова динамично поле, се соочуваат со огромни логистички и организациски предизвици.
Recon е семеен бизнис со традиционална историја од над половина век. Компанијата е основана во дваесеттиот век во Ерменија. Во шеесетите години семејството се сели во Холандија, на исток, во селото наречено Алмело. Синот и таткото кои ја делат страста за трговија со мода, се специјализирале во производството и дизајнот на модни елементи за малопродажба во осумдесетите и деведесетите години, како и во обезбедувањето на дополнителни услуги за своите клиенти.
Recon е естаблиран во 1998 година. Во 2011 година се сели во Оуд Меер, лоциран веднаш до меѓународниот аеродром Шипол, попознат како модниот центар на Амстердам. Компанијата се одликува со повеќе од 30 години искуство во модна логистика со персонализираниот пристап на семеен бизнис. Покрај тоа, Recon е познат по својата транспарентна, сигурна и доверлива услуга.
МАГАЦИОНЕРИ
(м/ж)
Во потрага сме по магационери, лица за спремање на нарачки и останати работни задачи кои вклучуваат подготовка на влезни и излезни испораки, контрола на квалитетот и препакување.
- САМО СО БУГАРСКИ ПАСОШ
- потребно искуство 1-2 години
- познавање на пишан и говорен англиски или германски јазик
- мотивирана, трудољубива и посветена личност
- соодветно средно образование
- примање на производи
- организирање, припремање, како и обезбедување на стоката во согласност со корпоративните стандарди
- менување на ценовните ознаки по потреба
- проверка и контрола на магацинот за потребната роба
- огранизирање и одржување на чист и прегледен магацин
- планирање и следење на испораката на финалните производи во согласност со барањата на клиентот
- чување на записи за робата во магацинот, складираните нарачки и сл.
- подготвување прецизни извештаи
Доколку сте заинтересирани да му се придружите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја Вашата биографија на англиски јазик електронски преку полето Аплицирај.