Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.
Сакаш да знаеш колку заработуваат другите на твоето работно место? Сега е лесно!
Скопје
Рок за пријавување:
Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија,доколку сте посветени, лојални,
креативни, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата
Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на
Оператор во погон за производство
Операторот управува со постројки во рамките на технолошкиот процес на производство на цемент во сите фази. Тоа подразбира компјутерско водење на процесот со помош на процесни параметри, што значи претходно стекнување со солидни технички познавања за процесот. Подготвува дневни извештаи, внесува клучни параметри и податоци добиени од Секторот за квалитет. Следи состојба на опремата на лице место, врши редовни проверки и по потреба одглавувања на транспортни системи или друга производна опрема. Учествува во одржување уредност и хигиена во погонот, а по потреба учествува и во ремонтни активности на опремата. Контактира со другите оператори, помошници и персонал со цел непречено и правилно одвивање на процесот. Работното време се одвива во три смени. Нето плата за работното место е од 20.000,00 до 24.000,00 денари. Компанијата врши исплата на додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа со што нето платата достигнува до 30.000,00. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење.
Квалификации на кандидатот:
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.
Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје http://www.usje.com.mk или преку полето Аплицирај или да достават CV во архива во просториите на Цементарница УСЈЕ.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.
Просечната плата во категоријата
Градежништво, Геодезија и Геологија изнесува 25.150 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!