Vrabotuvanje.com - Царински застапник (шпедитер) - Скопје - РЕД ШПЕД ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Царински застапник (шпедитер)

Скопје

Рок за пријавување:

  • РЕД ШПЕД ДООЕЛ

 

РЕДШПЕД ДООЕЛ Скопје, една од најуспешните професионални шпедиции, поради брз раст на компанијата и зголемен обем на работа има потреба од вработување на:

Царински застапник (шпедитер)

Локација: Скопје

Отворени позиции: 3

Одговорности и работни задачи:

  • Одредува тарифни кодови за стоки во царинска постапка
  • Изработува царински декларации за сите царински постапки
  • Изработува налози за фактурирање за раздолжените декларации
  • Процесира барања и дозволи од електронскиот систем на дозволи EXIM
  • Изработува останати документи поврзани со постапките за царинење на стока
  • Контактира со клиенти и царински органи 
  • Следи закони и прописи во врска со царинското работење

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование - факултет за царина и шпедиција или економски факултет
  • Со или без соодветно работно искуство
  • Добро познавање на MS Office пакет
  • Познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола од Б категорија

Профил на кандидатот:

  • Самостојност во извршувањето на работните задачи 
  • Одлични комуникациски вештини, доверливост, и способност за работа во тим
  • Аналитичност, педантност, способност за решавање на проблеми, и ориентираност кон резултати
  • Способност за работа под временски притисок
  • Способност и желба за учење и развивање

Услови од компанијата:

  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија   
  • Одлична работна атмосфера, солидни и стабилни приходи, и можност за напредување
  • Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот 
  • Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, во период од 08:30 до 16:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок, со повремени дежурства во сабота.

 

Доколку сметате дека сте прилагодливи, сакате предизвик, имате позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да ги испратете Вашата професионална биографија и мотивациско писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај, со назнака “Шпедитер” во насловот на пораката. Огласот е отворен 14 дена од датумот на објавување. 

Напомена:
Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Ред шпед ДООЕЛ го задржува правото да не избере ниту еден кандидат. 
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивациското писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од Ред Шпед ДООЕЛ во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде