Vrabotuvanje.com - Сезонска работа во Словачка - Словачка - GlobalWork
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Сезонска работа во Словачка

Словачка

Рок за пријавување:

  • GlobalWork

ПОДГОТВУВАМЕ ЧЕТВРТА ГРУПА РАБОТНИЦИ ЗА СЛОВАЧКА, КОЈА ЌЕ ПАТУВА НА 28 ОКТОМВРИ 2018
(СЕЗОНСКА РАБОТА ОД 3 МЕСЕЦИ, СО МОЖНОСТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА 2-ГОДИШНА РАБОТНА ВИЗА)
 
 
Заинтересираните кандидати треба да се јават, подготват и достават документи најдоцна до 14 октомври 2018 заради процесирање на сезонска работна виза.
 
Повелете информација:
УСЛОВИ ЗА РАБОТА ВО СЛОВАЧКА (сезонска работа од 3 месеци)
ФАБРИКА: FOXCONN, Nitra, Slovakia – ФАБРИКА ЗА ПРОИЗВОДСТВО И СКЛОПУВАЊЕ НА ДЕЛОВИ ЗА LCD ТЕЛЕВИЗОРИ, 860 вработени
ЛОКАЦИЈА: Нитра, петти град по големина во Словачка
РАБОТНО МЕСТО: Оператор во производство
 
ЗА ПОЗИЦИЈАТА НЕ Е ПОТРЕБНО РАБОТНО ИСКУСТВО
 
ОПИС НА РАБОТАТА:
  • Во прашање е линиско производство, што значи дека работното место подразбира мануелна работа на линија.
  • Детален опис на работата: визуелна контрола на пресувани делови, обработка на деловите, пакување на деловите, склопување и шрафење на деловите по работен стандард, лепење на мали делови, покривна фолија, склопиви декорации, контрола на деловите или работа во магацинот. 
ДАТУМ НА ПОАЃАЊЕ: 28 октомври 2018 ГОД.
 
КАНДИДАТИ ЗА РАБОТАТА: 
  • Мажи и жени од 18 до 55 години. Брачни парови се добродојдени.
  • Добро психо-физичко здравје
  • Способност за мануелна (рачна) работа
  • Одговорност кон работата
ПЛАТА:
  • 863 Евра бруто/околу 700 Евра нето:
  • Основна плата: 488 Евра бруто за 157 работни часа, плус следните додатоци
  • Бонус за редовност: 50 Евра бруто (за секој неодработен ден, бонусот се смалува за 10%)
  • Бонус за добро извршување на работата: 75 Евра бруто (за учинок 100% на линија)
  • Специјален бонус 250 Евра бруто, кој важи од 01.10.2018
  • Со сите исполнети бонуси, работникот добива околу 700 Евра нето плата на сметка.
  • Постои можност за прекувремена работа која се плаќа допoлнително.
  • Додаток за ноќна смена: 30%
  • Додаток за прекувремена работа: 25%
  • Додаток за работа на празник: 100%
  • На барање на работникот, фабриката може да одобри аванс од 60 Евра, после 2 одработени недели, само до прва плата. 
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
  • Климатизирана производствена хала со високи хигиенски услови.
  • Во самата фабрика има кантина каде можат да се купат ладни и топли оброци. 
  • Стандарден ручек: 0,77 Евра, екстра ручек – 1,19 Евра
  • На вработените им стои на располагање координатор за сите прашања и преведувач од словачки на српски јазик.
РАБОТНИ СМЕНИ:
  • Работниците кои работат 8-часовни работни смени се менуваат:
  • Утринска смена: 6:00 – 14:00
  • Попладневна смена: 14:00 – 22:00
  • Работниците кои работат 12-часовни смени се менуваат:
  • Денска смена: 6:00 – 18:00
  • Ноќна смена: 18:00 – 6:00
  • Работниците проаѓаат медицински преглед, обука, теоретски и практичен тест.
СМЕСТУВАЊЕ: 
  • Сместувањето го плаќа работодавачот, во објекти со добри хигиенски услови, во 3, 4 и 5-креветни соби (двокреветните соби се за брачни парови), заедничка кујна на секој спрат.
  • На располагање се хотел Нитра, сместување СОМО во Нитра и сместување Прима во местото Шала.
  • Бесплатен е интернетот во хотел Нитра и Сомо, а во Прима чини 5 Евра месечно..
  • ПРЕВОЗ ОД МАКЕДОНИЈА: Го плаќа работодавачот
  • ПРЕВОЗ ОД/ДО РАБОТНО МЕСТО: Работникот плаќа 20 Евра месечно за карта за прeвоз 
  • ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ И ОД ПОВРЕДИ: Го плаќа работодавачот
 
ВАЖНА НАПОМЕНА: Пред стапување на работа, работниците проаѓаат лекарски преглед во самата фабрика кој го плаќа работодавачот. Доколку работникот од било која причина не го помине прегледот, работодавачот има право да не го прими на работа и тој се враќа во својата земја.
 
Во Словачка е забрането пушење во затворени простории. 
 
Забрането е доаѓање на работа под дејство на алкохол и психоактивни супстанции.
 
Кршењето на работната дисциплина или правилникот во сместувањето се казнува.
 
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
  • Копија од важечи македонски или друг пасош
  • Оригинал Диплома (Уверение) за основно, средно или високо образование, со АПОСТИЛ од Судот во градот каде е училиштето. Апостил се става на оригиналната диплома.
  • Нотарски заверена копија од Дипломата со апостил
  • Изјава за согласност со барање за добивање на сезонска работна дозвола, согласно Законот за вработување на Словачка (текстот го обезбедува Агенцијата) заверена на нотар
  • Потврда за неосудуваност
  • ДОКУМЕНТИТЕ СЕ ПРЕВЕДУВААТ НА СЛОВАЧКИ ЈАЗИК (организира Агенцијата, преводот го плаќа работодавачот)
 
Молиме само сериозно заинтересираните кандидати да се јават на тел. 075 25 27 28 секој работен ден од 10:00 – 15:00 ч,
НАЈДОЦНА ДО 14.10.2018
Email за контакт: rosana.lotski@gmail.com
ГЛОБАЛВОРК 
Ул. Лондонска 19/1-36 (Трговски центар Олимпико, кај Студентскиот дом Гоце Делчев во Тафталиџе, I кат, веднаш до Taxi Riva)

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде