Manpower Чешка во соработка со Вработување.ком,
за потребите на својот клиент Procter & Gamble,
објавува оглас за регрутирање на
ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО
(Во Република Чешка)
Опис на работа:
- Следење на производната линија или линијата за пакување
- Следење на квалитетот на производите
- Поставување и редење на опремата за работа
- Интервенирање при настанат застој на производната линија
Потребни квалификации:
- Претходно работно искуство не е задолжително
- Минимум средно образование
- Основно познавање на компјутери
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
- Тимски играч со желба за напредување
- Способност за мануелна (рачна) работа
- Добро психо-физичко здравје
- Возраст над 18 години - мажи и жени (брачни парови се добредојдени)
- Важечки македонски пасош
Услови за работа:
- Работа во 3 смени, од понеделник до петок
- Можност за прекувремена работа за дополнителна заработувачка
- Работа во високохигиенски услови
- Обезбедена работна опрема (облека, обувки, заштитна опрема)
- Обезбеден оброк во кантината (можност за избор од 3 понудени јадења)
- Обезбедно сместување во близина на работното место (со вклучени режиски трошоци)
- Месечна нето плата од 750 до 810 евра, во зависност од распоредот на смените (дополнителен надомест за втора и трета смена)
- Дополнителен надомест за работа на празник
- Платен одмор од 25 дена
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете Ваша апликација со Професионална биографија преку полето Аплицирај со назнака за позицијата “ Оператор во производство” ,
најдоцна до 31.10.2018 година.