Оглас за работа: Аналитичар во Лабораторија / Laboratory Analyst
Локација: Скопје, Македонија
Реф.бр. 20180407
Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
Џонсон Мети има потреба од Аналитичар во Лабораторија / Laboratory Analyst кој кој ќе му се придружи на нашиот Оддел за контрола на квалитет во фабриката за автокатализатори во Скопје. Кандидатот треба да има позитивен и аналитички пристап, да демонстрира способност за ефективна говорна и писмена комуникација на логичен начин.
Главни одговорности:
- Прием, подготовка и анализа на примероци од одделите за Производство и Осигурување на квалитет, како и други фабрики на Џонсон Мети
- Внес на резултати од направените анализи, во LIMS и WRMS системите
- Архивирање на документација поврзана со процесите во лабораторијата
- Имплементирање и следење на LEAN принципите
- Идентификување на проблеми со опремата во лабораторијата и известување за истите
- Следење на процедури и упатства за работа
- Следење на добра лабораториска пракса
- Следење и придржување кон правила за заштита на животна средина, здравје и безбедност при работа
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
- Пожелно е претходно лабораториско работно искуство
- Пожелно е високо образование од областа на хемија, физика, биохемија и технолошки науки
- Искуство со работење во динамична и комплексна работна средина
- Компетентен корисник на Microsoft Office како и системи кои се користат во лабораториско работење
- Добри комуникациски вештини и воспоставување добри меѓучовечки односи
- Непоходно е добро познавање на говорен и пишан англиски јазик
Позицијата подразбира работа во смени со распоред 24/7
Како да аплицирате:
Интерните кандидати треба да го информираат нивниот непосреден супервизор/менаџер за нивната намера за аплицирање.
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, испратете ваша биографија преку полето Аплицирај и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.
Краен рок за аплицирање: 12 Октомври 2018