Vrabotuvanje.com - Регионален Менаџер за клучни клиенти - Битола, Прилеп, Охрид, Струга - Vrabotuvanje.com за клиентот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Регионален Менаџер за клучни клиенти

Битола, Прилеп, Охрид, Струга

Рок за пријавување:

Работодавач: Vrabotuvanje.com за клиентот

Вработување.ком за потребите на клиент – реномирана интернационална фармацевтска компанија со препознатлив бренд и во Македонија, со дирекција во Скопје, регрутира искусни кадри за позицијата

Регионален Менаџер за клучни клиенти/купувачи (Регионален КАМ)

(за Пелагониски Регион)

Регионалниот КАМ развива и унапредува продажба кај сите клучни клиенти за постигнување на утврдени продажни цели водејќи сметка за продуктивноста и ефикасноста на клиентите. Регионалниот КАМ развива стратегија за зголемување на приходите на компанијата преку развивање и поддршка на продажните канали.

 

Одговорности:

  • Постигнување на компаниските продажни цели преку идентификација и развој на клучни клиенти во регионот
  • Поставување на клучни цели и стратегија за распределба на ресурсите во соработка со менаџерот на продажба
  • Вршење на анализа на пазарот со фокус на клучните клиенти и нивните приоритети
  • Одржување на континуирани посети и средби кај клиентите, дефинирање на нивните потреби и директно управување и контрола на испорака на производите
  • Континуирана грижа за квалитетна соработка и одржување/негување на релации со клиентите
  • Управување со оперативните трошоци во рамки на одобрени буџети
  • Спроведување на продажни и маркетиншки кампањи согласно кодекси и прописи усвоени од компанијата – работодавач.

 

Клучни квалификации и способности:

  • Универзитетска диплома од релевантна образовна област
  • Докажано продажно искуство од 3-5 години во фармаколошка/медицинска индустрија
  • Работно владеење на англиски јазик и компјутерско работење
  • Активен возач Б-категорија
  • Одлични развиени комуникациски и презентациски способности
  • Високи преговарачки и убедителни вештини
  • Силни аналитички способности
  • Одлични способности и фокус за градење и развивање на релации со клиенти.

Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија преку полето Аплицирај
со назнака за позицијата “ РЕГИОНАЛЕН МЕНАЏЕР ЗА КЛУЧНИ КЛИЕНТИ”
најдоцна до 10.10.2018 година

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде