Vrabotuvanje.com - Директор на сектор продажба - Скопје - ПОДРАВКА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Директор на сектор продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • ПОДРАВКА

Подравка е една од водечките компании во југоисточна, средна и источна Европа, која е основана 1947 година. Денес работи во две области од продажната индустрија и тоа: прехрана и фармација, а големиот број потрошувачи ја препознаваат вредноста на нивните производи и им ја даваат својата доверба, во повеќе од четириесет држави ширум светот. 
Довербата од потрошувачите е нивниот најголем успех. Со градење на оваа доверба кај потрошувачите, повеќе од неколку децении, стануваат водечки бренд во прехрамбената индустрија во регионот.​

Подравка Македонија, во соработка со Вработување Ком, објавува оглас за работно ангажирање на иницијативен, амбициозен и посветен кандидат/ка за работната позиција:

ДИРЕКТОР НА СЕКТОР ПРОДАЖБА
 

Потребни квалификации: 

  • ВСС, VII степен стручна спрема
  • Најмалку 5 години на раководни позиции во продажба со пакувана храна
  • Работно користење на MS Office, SAP
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Познавање на Англиски јазик

Одговорности и задачи:

  • Ја организира и раководи со работата на секторот за продажба
  • Ги распределува работните задачи на внатрешните организациски едници
  • Ја дефинира стратегијата за продажба на пазарот согласно на деловната политика на Подравка групацијата
  • Ги дефинира мерките за контрола на работата со купувачите, воспоставува и ги одржува контактите со истите
  • Задолжен е за годишните договори со купувачите, управувањето на наплатата на побарувањата од купувачите и управување на целокупните давања на купувачите
  • Управува со каналите на продажба, ја оптимизира продажбата низ микс канали (индекси на дистрибуција по PPL)
  • Учествува во дефинирањето на политиката на цени и ја спроведува на пазарот во согласност со зацртаните насоки (бруто маржа)
  • Управува со процесот на планирање на продажбата и трошковната ефикасност на продажбата
  • Му предлага и му ги образложува на директорот на Компанијата платите на вработените во секторот за продажба, како и стимулации и дестимулации, на кои директорот на Компанијата дава согласност при секоја исплата
  • Предлага начини за едукација на продажната оператива
  • Го известува директорот на Компанијата за постигнатите резултати внатре во секторот за продажба најмалку еднаш месечно во писмена форма
  • Извршува и други работни задачи по налог на директорот на Компанијата

Личен профил:

  • Препознатливи менаџерски способности
  • Одлични комуникациски и презентерски вештини
  • Мотивирана и стабилна личност
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати

Работното време на оваа позиција е 8 часа дневно, со почеток од 08:00 до 16:00 часот од понеделник до петок.

Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратетe ја вашата пријава преку полето Аплицирај. Краен рок за пријавување е 16.10.2018 год.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор на селекција.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде