Објавува оглас за извршител на следната работна позиција
ДОСТАВУВАЧ
Датум на објава: 9 Октомври 2018
Рок за пријавување до: 21 Октомври 2018
Број на оглас: О-Д-ДО-181009
Сектор: Достава
Локација / Регион: Скопје
Одговара на претпоставен/а: Супервизор на Достава
Работни задачи:
- Проверка на возило за достава пред секое заминување на пат,
- Утовар, транспорт, истовар и достава на производи на безбеден и навремен начин, според спецификација,
- Прифаќање на плаќања за испорачани производи и уплата на дневен промет во рок од 24 часа,
- Обезбедување на одлични услуги на клиентите, одговарање на прашања и известување на претпоставениот за жалби од клиенти,
- Почитување на доделена рута и временски распореди,
- Почитување на сите закони за транспорт и безбедно возење,
- Поддржува и гради тимски дух и решава проблеми во интерес на работата, и други работи по опис на работно место.
Потребни квалификации и вештини:
- Поседување возачка дозвола Ц – категорија
- Минимум завршено средно образование
- Флексибилност за работа на терен
- Одлична комуникација,
- Професионално однесување,
- Организиран, мотивиран и стабилна личност,
- Динамичен, проактивен и насочен кон резултати
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Позитивен однос кон промени
Потребно искуство:
- Активен возач (минимум 2 години)
- Претходно работно искуство не е потребно
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават преку полето Аплицирај со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
Напомена:
- Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
- САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
- Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
- Паричниот износ на нето плата за огласените работни места, изнесува во опсег од 20.000,00 до 25,000,00 во зависност од работната успешност.
- Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
- Ве молиме без телефонски јавувања
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.