Оглас за работа: Одржувач на хигиена / Cleaner
Локација: Скопје, Македонија
Реф.бр. 2018207
Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
Џонсон Мети има потреба од Одржувач на хигиена кој ќе му се придружи на тимот во Одделот за техничка поддршка во фабриката за автокатализатори во Скопје, Македонија.
Главни одговорности:
- Чистење на објектот, производствените хали со специјални машини за хигиена согласно воспоставени правила и процедури за работа
- Собирање на отпадот и информирање на одговорните лица доколку отпадот не е правилно селектиран
- Собирање на хартија и пластичен отпад во специјализирани обележани корпи за отпадоци потребни за рециклирање
- Учество во креирањето на работните постапки
- Правилно складирање на опремата за работа, одржување на чиста и средена околина
- Следење на процедурите за користење на хемиските средства за чистење и машините со цел да се превенира оштетување на подот, предметите и можни повреди
- Учество во процесот на креирање и ревидирање на работните постапки
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
- Средно образование
- Претходно искуство во одржување на хигиена и работа во производствена средина
- Способност за следење на процедурите и правилата за квалитет, здравје, безбедност и животна средина
- Разбирање и говорење на македонски јазик
- Способност за брзо реагирање, ажурност, внимание на детали и сл.
- Идеи за унапредување на работните процеси
Позицијата подразбира работа во смени со распоред 24/7
Како да аплицирате:
Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, испратете ваша биографија преку полето Аплицирај и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.
Краен рок за аплицирање: 21 Октомври 2018