Vrabotuvanje.com - Отворени работни позиции - Скопје - НЕТ-ЕЛЕКТРОНИКС
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Отворени работни позиции

Скопје

Рок за пријавување:

  • НЕТ-ЕЛЕКТРОНИКС

НЕТ-ЕЛЕКТРОНИКС ДООЕЛ Скопје, ексклузивен ѕастапник на GE HEALTHCARE и Richard Wolf GmbH има потреба од вработување на лица за следниве работни позиции:

1. МАТЕРИЈАЛЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ/АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ

Нет-Електроникс ДООЕЛ Скопје има потреба од ангажман на 1 лице за водење на материјално сметководство и општи административни задачи.

Кандидатот треба да има:

  • Високо образование од областа на економски науки, бизнис администрација и сл;
  • Знаење за административно – финансиско работење, материјално работење;
  • Познавање на правниот, сметководствениот и даночниот систем во земјата;
  • Вештини за добар однос со клиенти;
  • Многу добро познавање на англискиот јазик;
  • MS Windows, MS Office компјутерски вештини;
  • Возачка дозвола категорија Б (Активен возач);
  • Најмалку 1 година работно искуство на слична или иста позиција

Кандидатот пожелно е  да има искуство во:

  • Управување со администрацијата (канцелариски менаџмент, логистика, организирање на настани, одржување на систем за евиденција на документи во физички и електронски датотеки);
  • Водење на материјално сметководство,
  • Поддршка на активности (подготовка, одржување на дневник за работа, патни налози, извештаи за патувања, досиеја на вработените, платени одмори, осигурување, одржување на канцелариска опрема и канцелариска библиотека, листи на учесници);

Обврките на кандидатот опфаќаат:

  • Собирање и евиденција на комплетната финансиска документација;
  • Водење на материјално сметководство (влезни калкулации и следење на залиха)
  • Организирање на попис
  • Евиденција на трошоци
  • Подготовка на финансиски извештаи;
  • Одржување на архивата
  • Организирање и одржување на лични досиеја на вработените;
  • Подготвување и одржување на потребната канцелариска документација;
  • Подготвува писма, преписки и други форми на комуникација;
  • Помош во организирање настани, комуникација со клиенти

2. ФАРМАЦЕВТ

Имаме потреба од вработување на едно лице за регулатива - регистрација на медицински помагала и продажба на медицинска опрема.

Кандидатот треба да има:

  • Високо образование, Дипломиран фармацевт со валидна лиценца за работа.
  • Познавање на англиски јазик.
  • Добри комуникациски и продажни вештини
  • Флексибилност за работа на терен
  • Поседување возачка дозвола тип Б (активен возач).
  • Пожелно е искуство со јавни набавки и тендери
  • Предност ќе имаат кандидатите со претходно работно искуство во областа на медицината, фармацевтската индустрија или слично

Доколку сте заинтересирани, Вашите биографии можете да ги испратите електронски преку полето Аплицирај, со назнака за која позиција аплицирате.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде