Друштвото за медицинско снабдување, увоз-извоз РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ, бара да назначи извршител за позицијата:
СМЕТКОВОДИТЕЛ
(1 извршител)
Работниот однос се заснова на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување
Кандидатот треба да поседува:
- Завршено високо образование - Дипломиран економист (предност сметководствено - финансиска насока)
- Познавање на MSFI/MSS законска регулатива
- Одлично владеење на компјутерски апликации - MS Office
- Мотивација за работа во високо конкурентна средина
- Одлични способности за комуникација и за тимска работа
- Способност за независно и самостојно работење
- Со минимум 3 (три) години работно искуство во областа на сметководство
Работното време започнува во 08,00 часот, а завршува во 16,00 часот
Работното време во текот на неделата изнесува 40 часа
Извршителот ќе работи само прва смена
За бараната позиција компанијата нуди основна нето плата во висина од 28.000 денари
Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате бараните услови за позицијата, Ве молиме да ги доставите следните документи:
- Кратка биографија (CV) со ваш контакт телефон и емаил адреса
- Фотокопија од диплома
- Доказ за работно искуство (Листа за стаж од ПИОМ)
на следната адреса: РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ Скопје Ул. Козле 188 - 1000 Скопје или преку полето Аплицирај
Огласот трае заклучно со 22.10.2018 година.
Изборот се врши по пат на лично интервју и тестирање.
Контакт телефон (02) 3088-780 и 3088-738.