Vrabotuvanje.com - Бизнис Аналитичар - Охрид - Охрид - Охридска банка АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Бизнис Аналитичар - Охрид

Охрид

Рок за пријавување:

  • Охридска банка АД Скопје

Охридска банка вработува!

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите.

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.
Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба.

Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

БИЗНИС АНАЛИТИЧАР
Локација: Охрид

 


ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Анализа на бизнис побарувањата кои се дел од проектите;
  • Детално дефинирање на барањата/потребите;
  • Подготовка на функционални спецификации за задачите во проектите;
  • Предлагање и развивање решенија за задачите во проекти (преку внатрешен или надворешен развој)
  • Обезбедување на оптимална интеракција помеѓу барањата доставени од крајните корисници и измените што треба да се направат во апликациите;
  • Подготовка на детални технички и функционални спецификации;
  • Анализа на спецификации по однос на проекти доставени од добавувачот на софтвер;
  • Елаборирање и следење на активностите поврзани со промените (change management)
  • Подготовка на тест сценарија за апликациите и сервисите од областа на ИТ и следење на техничко и функционално тестирање;
  • Координација и имплементација на нови решенија;


ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Високо образование од областа на техничките науки, предност – информатичка технологија и компјутерски науки;
  • Напредно познавање на Transact SQL, MS Project;
  • Претходно работно искуство од најмалку 1 годинa на иста или слична позиција;
  • Искуство во областа на бизнис анализата ќе се смета за предност;
  • Искуство во раководење со проекти ќе се смета за предност;
  • Искуство од банкарско работење ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на Aнглиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office ;
  • Тимски играч;
  • Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон остварување резултати.


Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 26.10.2018 год. преку полето Аплицирај со задолжителна назнака „Бизнис Аналитичар - Охрид“.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена:
Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде