ТИМ СОРС ДОО работи со компании од земјата и странство и е генерален застапник на неколку фирми, производители на ламинатни и алуминиумски туби. Истите се користат во фармацевтската, козметичката и прехранбената индустрија.
Основна дејност на Друштвото е снабдување на своите клиенти со разни видови на амбалажа, канцелариски и школски материјали, разни видови на хартија, репроматеријал за печатници, како и готови печатени обрасци.
Фирмата располага со сопствен деловен простор од 200м2 во центарот на Скопје, магацински простор 500м2, како и сопствен возен парк.
ТИМ СОРС ДОО вработува искусни кадри кои долги години се во браншата, но е отворен и за нови, образовани и амбициозни млади луѓе, кои заедно со нашата фирма би се вивнале во височините на бизнисот.
- Продажба на канцелариски материјали и припрема на комплетна документација.
- Водење на материјално сметководство, фактурирање и припрема на стоката за продажба.
- Изнаоѓање на нови купувачи со одење на терен или преку телефон.
- Познавање на компјутери, возачка дозвола и најмалку ссс.
- Предност имаат кандидати со искуство, односно оние кои работеле со канцелариски материјали.
- Потребен е динамичен и позитивен кандидат.
- Можност за напредување и неограничена заработка.
Доколку сте заинтересирани, испратете ги Вашите резимеа преку полето Аплицирај.