Vrabotuvanje.com - Продукт менаџер - Скопје - АМЦ ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Продукт менаџер

Скопје

Рок за пријавување:

  • АМЦ ДОО

АМЦ бара ПРОДУКТ МЕНАЏЕР со ИСКУСТВО (БЕЛА ТЕХНИКА и АПАРАТИ ЗА ДОМАЌИНСТВО)
понатамошен развој на своите операции и проширување на тимот, распишува оглас за вработување на:

ПРОДУКТ МЕНАЏЕР со ИСКУСТВО

(БЕЛА ТЕХНИКА и АПАРАТИ ЗА ДОМАЌИНСТВО)


Опис:

Заради проширување на продажната палета АМЦ е во потрага по амбициозни, мотивирани, стратешки ориентирани кандидати кои ќе бидат одговорни за собирање и анализирање на информации од пазарот на потрошувачка електроника, креирање на стратегија за производи, преговори со добавувачи и извршување на годишен план и исполнување на поставените цели за категорија на производи, согласно очекувањата на клиентите. Менаџерот за управување со производи е директно одговорен за раководење со животниот циклус на производите, финасиските резултати, удел на пазарот, приходи, профит, продуктивност на залиха, услови и рокови за плаќање за доделениот сет на производи.

Идеалниот кандидат има искуство и тендеција за техника, стратешко размислување, високо развиени преговарачки и аналитички вештини, способност за одредување приоритети и работа со временски рокови, како и иновативен и креативен пристап во одредување на маркетинг стратегијата.

 

Одговорности:

  • Планира, развива, координира и имплементира концепти поврзани за подобрување на продажбата на производи од областа на белата техника и апарати за домаќинството за која е надлежен, како и нивна промоција
  • Ја дефинира  продуктната и продажна стратегија
  • Ги анализира барањата на пазарот и обезбедува специјализирани информации како да се задоволат барањата на купувачите
  • Изнаоѓа канали за набавка на продукти и ги анализира можностите за соработка со нови добавувачи согласно идентификуваните барања на пазарот
  • Преговара и утврдува цени на продукти и услови на набавка и плаќање на трговска стока за продажба
  • Комуницира и одржува контакти со добавувачите на трговска стока за продажба
  • Ја следи продажбата и движењето на залихите на трговска стока за продажба
  • Ги одредува количините и квалитетот на трговската стока за продажба нарачката, трошоците, датумот на испорака и други услови на договорите
  • Ја следи продажбата, анализира и доставува месечни проекции за очекуваниот промет, планови за набавка, продажба, продажни акции
  • Обезбедува навремени нарачки и непрекинато снабдување со трговска стока за продажба
  • Дефинира продажни цени врз основа на зацртаните деловни цели во насока на реализација на пазарната стратегија, деловните планови и буџетот
  • Ја следи конкурентската позиција на Друштвото на пазарот и предлага активности во сообразност со тековните состојби на пазарот со цел подобрување на пазарната позиција на Друштвото


Потребни квалификации и вештини:

  • Универзитетско образование – економски или технички науки
  • Искуство во набавка, продажба, управување со производи и друга слична област на работа
  • Темелно познавање на индустријата, технолошки и пазарни трендови
  • Одлично познавање на англиски јазик и напредно користење на MS Office пакетот
  • Способност за ефективна комуникација и преговарање
  • Страст за анализирање на производите, потребите на клиентите и динамиката на пазарот
  • Позитивен став, тимски дух, желба за напредок и постигнување успех


Што нудиме?

  • Атрактивна плата
  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
  • Континуирана обука и можност за напредување
  • Дополнителни бенефиции кои се предвидени за позицијата
  • Работно време од 8.00 – 16.00 часот


Доколку сакате да станете дел од успешна компанија која повеќе 20 години е лидер во продажбата на ИТ и АВ опрема, која вложува во развој и унапредување на своите вработени, чиј приоритет е квалитетна услуга и задоволни купувачи, испратете ја Вашата кратка биографија преку полето Аплицирај, со назнака: “Продукт Менаџер за Бела Техника“.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде