Vrabotuvanje.com - Техничар за машински системи - Аеродром Скопје - Скопје - ТАВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Техничар за машински системи - Аеродром Скопје

Скопје

Рок за пријавување:

  • ТАВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

ТАВ Аеродроми е еден од водечките аеродромски оператори во светот во чија мрежа се аеродромите „Ататурк“ во Истанбул, „Есенбога“ во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир, „Милас-Бодрум“ и „Газипаша“ во Анталија, сите во Турција. Потоа, аеродромите Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфида-Хамамет во Тунис, Скопје и Охрид во Македонија, Медина во Саудиска Арабија, како и Загреб, во Хрватска, сите се оперирани од „ТАВ Aеродроми“. Холдингот, исто така, обезбедува услуги преку своите филијали и во други области на аеродромските операции, што вклучува Бесцарински продавници, Храна и пијалоци, Прифат и отпрема на воздухоплови и патници, ИТ, Обезбедување и други Оперативни услуги. Вклучувајќи ги и своите филијали, „ТАВ аеродроми“ во 2017 година обезбеди услуги за 808.000 летови и повеќе од 104 милиони патници.
 
ТАВ Македонија, Meѓународен Аеродром Скопје како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага
по нов вработен за позицијата
 
 
TEХНИЧАР ЗА МАШИНСКИ СИСТЕМИ
 
 
 
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ:
  • Работа во смени, дење и ноќе
  • Работа во затворено и на отворено, во разни временски услови
  • Користење и разбирање на упатства и процедури од производител
  • Читање и разбирање на техничка документација

     - шеми
     - дијаграми

  • Спроведување на рутински активности за редовно одржување

   - дневни проверки
  - периодични проверки 
  - сервисирања и сл.

  • Спроведување на активности за вонредно одржување

     - детектирање на проблеми и дефекти
     - поправка и сервисирање
     - замена на оштетени или дотраени делови
     - замена на течности, подмачкување и сл.

  • Познавање, работа и одржување на механика, склопови транспортери и транспортни уреди
  • Познавање, работа и oдржување на електрика, главни, контролни и командни табли
  • Познавање, работа и одржување на  електромотори и склоп електромотор-редуктор
  • Познавање, работа и одржување на електроника, мрежна опрема и контролери  
  • Познавање на работа на компјутерска техника и ПЛЦ (основи и принцип на работа)
  • Познавање, работа и одржување на хидраулични и пневматски системи
  • Подготвеност да се почитуваат сите безбедносни мерки за заштита при работа од несреќи, опасни материјали, хемикалии, итн. 
  • Aжурирање на соодветна документација, листи за проверка и др. после секоја редовна или вонредна проверка/поправка
 
ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ И ЛИЦЕНЦИ:
  • Средно Техничко Образование  (IV степен) – Машински техничар, Електро Техничар, Електроничар 
  • Возачка дозвола - Б категорија
  • Лиценца и важечки сертификати од областа
  • Најмалку 2 години работно искуство во соодветна област
  • Солидно познавање на Англиски јазик 
 
ВЕШТИНИ:
  • Комуникациски вештини
  • Одлично планирање и организација
  • Тимска работа
  • Познавање на компјутерски вештини
  • Добро познавање на процедури и прирачници за одржување
  • Следење на текот на трендовите и иновациите во областа и вложување во сопственото знаење
 
 
Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.
Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV преку полето Аплицирај
 
Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме Вашите лични податоци до 6 месеци во нашата база согласно правилата за заштита на личните податоци.
 
Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Во очекување сме на Вашите апликации!

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде