Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Специјал
СПЕЦИЈАЛ е пекарско-слаткарска фирма со 29 годишна традиција, поради понатамошен развој објавуваме оглас за:
Помошник сметководител
Опис на работното место:
Одговорен за водење на сметководството на Друштвото во согласност со законските прописи на Република Македонија;
Aжурно ги води и составува сите потребни извештаи: биланс на состојба, биланс на успех, даночниот биланс и сл;
Oдговорен за навремено плаќање на даноците и сите останати давачки/обврски кон државните органи;
Oдговорен е за ажурно водење на документацијата;
Изработка на финансиски извештаи;
Изработка на статистички извештаи и нивно ажурно доставување до државните органи;
Изработка на годишниот буџет на Друштвото;
Водење на ажурна евиденција на побарувањата од купувачите/ добавувачите и преземање на потребните мерки за хармонизација на салдата и мерки за наплата на побарувањата;
Водење на ажурна евиденција на обврските кон доверителите и навремено плаќање на истите;
Извршување на сите останати задачи од областа на сметководството и финансиите;
Потребни квалификации:
Средно или високо образование;
Има најмалку 3 години работно искуство од областа на сметководството;
Минимум 1 годишно работно искуство во Друштво за производство, трговија и угостителство;
Добри компјутерски вештини, работа со софтверскиот пакет MS – Office;
Возачка дозвола Б - категорија
Личен профил:
Навремено исполнување на работните задачи;
Организираност;
Доверливост;
Темелна и организирана личност;
Одговорност, одлучност и креативност
Тимски работник
Ние нудиме:
Динамична работна средина каде активно се следи и поттикнува успехот во работењето, а напредокот во кариерата на вработените зависи од остварените резултати.
Доколку ваквиот работен ангажман е предизвик за Вас, испратете го вашето CV преку полето Аплицрај, со задолжителна назнака на апликацијата “Помошник сметководител“.
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Продажба изнесува 22.310 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!