Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Специјал
СПЕЦИЈАЛ е пекарско-слаткарска фирма со 29 годишна традиција, поради понатамошен развој објавуваме оглас за:
Слаткар
Опис на работното место:
Задолжен/а за навремено и квалитетно изработување на производите;
Задолжен/а за подготовка на тестото, филовите и филување на производите согласно нормативите и рецептурите;
Ги става производите во плехови и истите ги пече и врши подмачкување на производите пред печење;
Готовите производи ги реди и пакува во соодветни садови;
Се грижи за квалитетот на производите за време на печењето, се грижи за хигиената на производите, личната хигиена и хигиената на опремата и просториите;
Врши контрола и прием на суровините;
Одговорен е за ажурно водење на документацијата;
По завршување на работата ги чисти работните површини, ги собира тепсиите и ги реди на определено место;
Прием и припрема на нарачки;
Потребни квалификации:
Средно образование;
Пожелно работно искуство во Друштво за производство, трговија и угостителство;
Личен профил:
Енергична и темелна личност со одлични комуникациски и организациски способности, чувство за естетика и уредност, како и способност за тимско работење.
Ние нудиме:
Динамична работна средина каде активно се следи и поттикнува успехот во работењето, а напредокот во кариерата на вработените зависи од остварените резултати.
Доколку ваквиот работен ангажман е предизвик за Вас, испратете ја Вашата биографија со назнака за Слаткар преку полето Аплицирај
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Останато изнесува 22.029 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!