
Лекс Електрик е компанија со седиште во Скопје, Македонија, која на пазарот за електро материјали е присутна од 1999 година. Компанијата бележи постојан подем благодарејќи на својата компетентност и посветеност кон купувачите. Зголемувајќи ја својата техничка база, односно своите логистички потенцијали, компанијате е во можност да му понуди на купувачот најадекватно решение за неговите потреби преку директна продажба, како и преку процес на инженеринг и производство на прилагодени разводни системи. Со постојана определба кон квалитетот и иновативноста, Лекс Електрик е застапник на неколку реномирани компании од областа на потрошувачката и индустриската електрика.
Нашата мисија е да се биде исклучителен, компетентен и иновативен. Лекс Електрик е кориснички ориентирана компанија, која своите продажни активности ги реализира преку директни контакти со своите корисници со цел разбирање на нивните потреби. Ваквиот пристап бара високо ниво на агилност и стручност, односно постојано следење на развојот на технологиите од доменот на дејноста на компанијата. Од оваа причина, Лекс Електрик развојот на компанијата го гледа и преку развој на вработените и работниот амбиент воопшто.
Нашата визија... Потпирајќи се на потенцијалите на компанијата односно со стратешки партнерства, да се обезбеди постојан растеж на компанијата преку ефикасна продажба и производство фокусирани на потребите на потрошувачите.
ФИРМАТА „ЛЕКС-ЕЛЕКТРИК“, ДООЕЛ од Скопје има потреба од:
Комерцијалист
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Пожелно е возраст над 30 години
- Познавање на англиски и германски јазик
- Потребна е возачка дозвола Б категорија
- Познавање на работа со компјутер
- Претходно работно искуство се смета за предност
ЛИЧЕН ПРОФИЛ:
- Амбициозна личност, насочена кон резултати
- Одговорна и комуникативна
- Самоиницијативност и тимски дух
Ние нудиме:
- Финансиски стимуланси
- Месечна плата по договор
- Работно време од 8 - 16h
- Соодветни обуки
Вашите биографии можете да ги испратите електронски преку полето Аплицирај.




