Vrabotuvanje.com - Раководител на одделение за набавки - Скопје - ТАВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Раководител на одделение за набавки

Скопје

Рок за пријавување:

  • ТАВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

ТАВ Аеродроми е еден од водечките аеродромски оператори во светот во чија мрежа се аеродромите „Ататурк“ во Истанбул, „Есенбога“ во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир, „Милас-Бодрум“ и „Газипаша“ во Анталија, сите во Турција. Потоа, аеродромите Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфида-Хамамет во Тунис, Скопје и Охрид во Македонија, Медина во Саудиска Арабија, како и Загреб, во Хрватска, сите се оперирани од „ТАВ Aеродроми“. Холдингот, исто така, обезбедува услуги преку своите филијали и во други области на аеродромските операции, што вклучува Бесцарински продавници, Храна и пијалоци, Прифат и отпрема на воздухоплови и патници, ИТ, Обезбедување и други Оперативни услуги. Вклучувајќи ги и своите филијали, „ТАВ аеродроми“ во 2017 година обезбеди услуги за 836.000 летови и повеќе од 115 милиони патници.
 
ТАВ Македонија, Меѓународниот Аеродром Скопје како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата: 
 
РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛЕНИЕ ЗА НАБАВКИ
 
 
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ:
  • Активно учество во целокупниот процес на набавки 
  • Управување со доверливи и деликатни информации
  • Организација и надгледување на работата на Одделението за Набавки и насочување и координација на  персоналот директно инволвиран во процесот на набавка
  • Задавање на работни задачи и цели на персоналот од Одделението за Набавки, планирање, надгледување и оцена на работата, советување, обучување, иницирање на работни задачи, координација на работните приоритети, следење и имплементирање на системите, регулативите, полисите и процедурите за работа
  • Подготовка, одржување и следење на различни извештаи како на пример (извештаи за статусот на набавките и статусот на пазарот)
  • Следење на реализација на буџет за Одделот
  • Контролирање и процесирање на барања за набавки по основ на спецификации, буџет и постоечки количини на лагер.
  • Подготовка на анализа на понудите потребна за одобрувачките авторитети
  • Координација помеѓу одделението и Магацините (магацинското работење)
  • Координација помеѓу одделението и Одделот за Финанси и Сметководство
  • Координација помеѓу одделението и барателите на набавка
  • Ревизија договори во однос на проценка на комерцијалните услови
  • Пронаоѓање на добавувачи/даватели на услуги, водење на информативни разговори со истите со цел установување на достапност на продукти/услуги и услови на продажба
  • Ревизија на нарачки и договори за установување на согласност со политиката на компанијата. 
  • Анализање на пазарот за достапност на тековни и идни набавки
  • Учество во развивање и поставување на спецификации за опрема, материјали и услуги. Ревидира и оценува спецификации за тековни и идни набавки
  • Учество во решавање на поплаки од страна на крајните потрошувачи како и добавувачите/давателите на услуги. 
  • Ја претставува компанијата во процесите на преговарање по сонов на барањата за набавка. 
  • Дејствува како контакт лице помеѓу компанијата и добавувачите/давателите на услуги како и интерно помеѓу одделението и крајните потрошувачи
  • Обезбедува поддршка во склоп на Одделот
 
ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ И ИСКУСТВО:
  • Универзитетско образование во соодветна област
  • Најмалку 5 години работно искуство во областа
  • Одлично познавање на Англиски Јазик, говор и пишување
  • Одлични компјутерски вештини (Microsoft Office – Excel, Word, Power Point, Outlook)
 
ВЕШТИНИ:
  • Одлично познавање на локалниот и меѓународниот пазар
  • Одлични преговарачки способности 
  • Насоченост кон решавање на проблеми, изнаоѓање на компромисни решенија за компанијата и носење на самостојни одлуки
  • Иновативност, динамичност и посветеност
  • Способност за раководење на динамичен мултинационален тим
  • Искуство во работење со  ИТ системи во областа на набавки
  • Аналитички вештини и докажано внимание кон детали 
  • Ефикасни комуникациски вештини и одлични меѓучовечки вештини
  • Однесување со највисоки морални стандарди 
  • Силна посветеност кон услугата на клиенти и високо развиен осет за доверливост
  • Вештини со управување со бази на податоци и чување на документи
  • Одлични вештини за планирање и организација 
  • Познавање и почитување на организациска структура
  • Способност да работи под стрес
  • Способност да работи на повеќе проекти паралелно
  • Искуство работа со ERP ќе се смета за предност
 
Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.
Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV преку полето Аплицирај
 
Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Во очекување сме на Вашите апликации!

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде