Фруктал е иновативна компанија со препознатлив имиџ, што е во согласност со мисија на компанијата и нејзините брендови. Основни вредности на Фруктал се квалитетот и позитивниот однос кон природата.
Основна дејност на компанијата Фруктал Мак а.д. Скопје е производство на високо квалитетни овошни сокови, нектари и пијалаци изработени без конзерванси притоа користејќи го најдоброто и најсочното овошје кое зрее во земјата на сонцето - Македонија, споено со знаењето и технологијата на стручњаците на Фруктал.
Фабриката Фруктал Мак а.д. Скопје е лоцирана на патот кон Зелениково на 15 км од Скопје, во еколошки чиста околина. Се простира на површина од 192.000 м2 од кои голем дел се овоштарници насадени со праски, кајсии и јаболки. Денес фабриката брои 60 вработени.
Се произведуваат готови производи за домашен и странски пазар (Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора).
Фруктал со своите производи ги задоволува потребите на потрошувачите за здрава, урамнотежена исхрана и непрекинато ги осовременува нивните прехрамбени навики.
Електро техничар 2 (два) извршители
Потребни квалификации и вештини:
- ССС (електро техничар)
- Најмалку 2 години работно искуство
Основно/пожелно познавање на:
- Автоматика,
- Сензори фото, индуктивни и тн,
- Фреквентни регулатори,
- Ниво регулатори,
- Користење на ел. шеми,
- Користење на мерни инструменти (унимери и сл.),
- Основно познавање на англиски јазик
- Познавање на работа со компјутер
- Способност за работа во тим
- Самоиницијативност, лојалност, исполнителност и чесност
- Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност
- Динамичност, мотивираност, иницијативност
- Желба за едукација и надградба
- Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови
- Ефективна вербална комуникација
Доколку ги испонувате наведените услови пратете ја својата пријава и CV (биографија) преку полето Аплицирај
со назнака (субјект), Електро техничар.