Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
УНИБанка АД Скопје
Директор на Дирекција Мрежа на експозитури
Kвaлификации:
Високо стручно образование, Завршени додипломски или постдипломски студии на Економски факултет;
Претходно работно искуство од најмалку 5 години во финансиски институции – банки ќе имаат приоритет при изборот;
Познавање на прописите од областа на банкарство и/или финансии;
Познавање на правилата за добро корпоративно управување;
Многу добро познавање на англиски јазик;
Многу добро познавање на Microsoft Office;
Возачка дозвола Б категорија.
Избраниот кандидат треба да поседува:
Менаџерски и лидерски способности;
Подготвеност за превземање одговорност и иницијатива;
Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа;
Висока мотивираност за остварување на зададените цели;
Да извршува сложени работни активности во кратки временски рокови, а по потреба со продолжено работно време.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик со фотографија и мотивационо писмо со задолжителна назнака за работното место за кое се аплицира преку полето Аплицирај или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 06.12.2018 година.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Административни професии изнесува 20.922 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!