Vrabotuvanje.com - Бравар - Скопје - Макпетрол АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Скопје

Рок за пријавување:

  • Макпетрол АД

 

 

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува оглас за вработување на 1 (еден) работник на определено време од 3 (три) месеци на работно место

БРАВАР III ГРУПА

 

 во Браварско одделение во Сектор за машински и градежни работи во Дирекција за одржување

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:​

 
  • Завршено средно стручно образование – техничко;
  • Со или без работно искуство.
 

Работни услови:

 

  • Дневното работно време за горенаведеното работно место е од 07:00 часот до 15:00 часот.
  • Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
  • Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 19.000 денари.
  • Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Писмо за мотивација;
  • Кратка биографија; 
  • Копија од диплома за завршено образование;
  • Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
  • Препорака од претходен работодавач;
  • Уверение од кривична евиденција.


​Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје

лице за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146-491

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување. 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде