Vrabotuvanje.com - Машинист на Багер - Скопје - ГД Гранит АД - Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Машинист на Багер

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГД Гранит АД - Скопје

Оглас за вработување во ГД Гранит АД Скопје
 
ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија.Компанијата има имплементирано Интегриран Систем за Управување, согласно барањата на интернационалниот стандард за квалитет ISO 9001, стандардот за заштита на животната средина ISO 14001, како и безбедноста и здравјето при работа OHSAS 18001.
 
ГД Гранит АД Скопје има потреба од
Машинист на Багер – 6 извршители
 
 
Потребни квалификации:
  • Средна стручна спрема.
  • Минимум 3 години работно искуство во ракување со Багер. 
  • Уверение за ракување со Багер.
 
Клучни одговорности и задачи:
  • Ги извршува сите работи предвидени за соодветната машина со упатството и се грижи за редовно работење и функционирање на машината, како и редовна промена и контрола на уље, филтри, систем за ладење, мерни инструменти, подмачкување, чистење, притегнатост на одредени склопови, делови и друго и е одговорен за нивна доследна примена;
  • Секојдневно ја проверува и контролира исправноста на градежната машина со која е задолжен;
  • Врши евиденција и потпишување на дневниот учинок на машината, применото гориво и го доставува до извршителот за експлоатација на на градежна механизација;
  • Редовно да ја проверува машината пред нејзиното стартување и да ги пријави настанатите штети и недостатоци;
  • Учествува во постапка на дефектажа на дефектите и нивно ефикасно отстранување и поправка;
 
Компанијата нуди:
  • Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување.
  • Работа во Скопје и на терен.
  • Основна Нето плата за огласеното работно место изнесува 13.100,00 денари.
 
 Личен профил:
  • Организираност и одговорност
  • Способност за тимска работа
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за работа под притисок и на кратки рокови
 
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 07,30 до 15,30 часот. Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
 
Огласот трае седум работни дена од објавувањето. 
 
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk. 
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на тел. бр. 02 3218-748.  
 
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде