Со над 2,700 вработени Баумер е една од светски водечките прооизведувачи на сензори и мерни инструменти наменети за автоматизација на процеси. Овој успех Баумер го должи на своите вработени кои се посветени, врвно стручни и секогаш фокусирани на изнаоѓање на најдобри решенија за нашите клиенти.
Баумер има потреба од оператори на производна линија во својот погон за производство на индуктивни сензори и кабли во индустриската зона Бунарџик 1.
ОПЕРАТОРИ НА ПРОИЗВОДНА ЛИНИЈА
- Механичко монтирање на компоненти и сензори (лемење, лепење и спојување)
- Подготовка на материјал за работа
- Проверка на изработениот производ (механичка, оптичка, електрична)
- Етикетрирање и пакување на производите
- Постапување според работно упатство/налог
- Задолжително следење на правилата и процедурите за работа
- Носење на задолжителна заштитна опрема
- Следење на процедурите за безбедност и здравје при работа
- Средно образование
- Искуство во лемење на прецизни компоненти ќе се смета за предност
- Технички вештини или афинитет за прецизна работа
- Работно искуство во производствена средина ќе се смета за предност
- Висока свест за и фокус на квалитет на производите
- Одговорност при извршување на задачите
- Тимска работа
- Независност во работењето
- Обука во Швајцарија во базата на компанијата со врвни стручни лица во доменот на работата
- Можност за стекнување на знаења и вештини во полето на напредната технологија
- Обезбеден превоз до работа
- Обезбеден оброк во кантината на фабриката
- Одлични услови за работа и можности за напредок во кариера во меѓународна компанија
Ако барате нов предизвик во динамична и брзо растечка успешна швајцарска семејна компанија, можеме да ви понудиме единствена можност. Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификации можат да го испратат своето CV преку полето Аплицирај
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до петок, 21 декември 2018 година.
Само квалификуваните кандидати ќе бидат поканети на интервју