Vrabotuvanje.com - Келнер/келнерка - Дубровник - Dubrovački vrtovi sunca d.o.o.
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Келнер/келнерка

Дубровник, Хрватска

Рок за пријавување:

  • Dubrovački vrtovi sunca d.o.o.

Sun Gardens Dubrovnik Dubrovnik е еден од најубавите ресорти на брегот на Јадранското Море, оддалечен само 11 км од историското јадро на градот Дубровник и 35 км од меѓународниот аеродром. Ресортот претставува спој на современа архитектура, ексклузивно сместување во хотел и во резиденции, како и на многубројни содржини за пријатен престој и одмор. Во состав на ресортот се наоѓаат три надворешни базени, природна плажа прекриена со ситни камчиња, 16 ресторани и барови, конгресен центар, спортски центар, како и повеќекратно наградуван спа-центар.

За да ја оствариме успешно нашата визија, Ве покануваме да се пријавите за следнава позиција:

Келнер/келнерка

Основните задачи вклучуваат:

  • Подготвување на ресторанот за работа – проверување на чистотата и чистење на ресторанот во согласност со стандардите, поставување шведска маса според стандардите, детално познавање на менито.
  • Комуникација и послужување на гостите – пречекување на гостите на љубезен и професионален начин, примање и проследување на нарачките во одделот на кујната, издавање и наплатување на сметките.
  • Одржување и чистење на ресторанот – полирање на приборот за јадење, како и на чашите, одржување на просторот околу ресторанот.

Кандидатот/кандидатката треба да има:

  • ССС
  • Пожелно е работно искуство на иста или на слична позиција во ресторани
  • Пожелно е работно искуство во хотели од високи категории
  • Одлично знаење на англискиот јазик, говорно
  • Познавање на системот за квалитет HACCP

Рок за пријавување: 13.1.2019. година
Целосната пријава се состои од биографија на англиски јазик и со латинично писмо. На вработените од странство, кои ги исполнуваат сите услови за вработување, Sun Gardens Dubrovnik им обезбедува и им ги намирува трошоците за издавање работна дозвола, соодветно сместување и топли оброци на работното место.

Вашата професионална биографија може да ја испратите на следната маил адреса:posao@sungardensdubrovnik.com 

Во согласност со прописите за заштита на личните податоци Ве молиме во Вашата пријава да наведете дали се согласувате Вашата биографија и другите податоци што сте ни ги откриле во текот на конкурсот да се задржат во базата на пријавени кандидати во наредните 12 месеци.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде