Vrabotuvanje.com - Готвач/готвачка - Дубровник - Dubrovački vrtovi sunca d.o.o.
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Готвач/готвачка

Дубровник, Хрватска

Рок за пријавување:

  • Dubrovački vrtovi sunca d.o.o.

Sun Gardens Dubrovnik Dubrovnik е еден од најубавите ресорти на брегот на Јадранското Море, оддалечен само 11 км од историското јадро на градот Дубровник и 35 км од меѓународниот аеродром. Ресортот претставува спој на современа архитектура, ексклузивно сместување во хотел и во резиденции, како и на многубројни содржини за пријатен престој и одмор. Во состав на ресортот се наоѓаат три надворешни базени, природна плажа прекриена со ситни камчиња, 16 ресторани и барови, конгресен центар, спортски центар, како и повеќекратно наградуван спа-центар.

За да ја оствариме успешно нашата визија, Ве покануваме да се пријавите за следнава позиција:

Готвач/готвачка

Основните задачи вклучуваат:

  • Организирање и поставување подготовка – подготовка и поставување на прехранбените производи во согласност со стандардите и со правилата на струката, асистирање на водителот на секцијата на кујната при стручно обработување и подготовка на производите.
  • Готвење според стандардите – самостојно готвење и презентација на јадењата според рецептурата и нормативите на ресортот.
  • Чистење на кујната – учество во чистењето на инвентарот и на работните површини на секојдневна база.

Кандидатот/кандидатката треба да има:

  • ССС (насока готвач или КВ)
  • Работно искуство на иста или на слична позиција (минимум една година)
  • Пожелно е работно искуство во хотели од високи категории
  • Познавање на системот за квалитет HACCP
  • Познавање на основите на англискиот јазик

Рок за пријавување: 13.1.2019. година
Целосната пријава се состои од биографија на англиски јазик и со латинично писмо. На вработените од странство, кои ги исполнуваат сите услови за вработување, Sun Gardens Dubrovnik им обезбедува и им ги намирува трошоците за издавање работна дозвола, соодветно сместување и топли оброци на работното место.

Вашата професионална биографија може да ја испратите на следната маил адреса: posao@sungardensdubrovnik.com 

Во согласност со прописите за заштита на личните податоци Ве молиме во Вашата пријава да наведете дали се согласувате Вашата биографија и другите податоци што сте ни ги откриле во текот на конкурсот да се задржат во базата на пријавени кандидати во наредните 12 месеци.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде