Sun Gardens Dubrovnik Dubrovnik е еден од најубавите ресорти на брегот на Јадранското Море, оддалечен само 11 км од историското јадро на градот Дубровник и 35 км од меѓународниот аеродром. Ресортот претставува спој на современа архитектура, ексклузивно сместување во хотел и во резиденции, како и на многубројни содржини за пријатен престој и одмор. Во состав на ресортот се наоѓаат три надворешни базени, природна плажа прекриена со ситни камчиња, 16 ресторани и барови, конгресен центар, спортски центар, како и повеќекратно наградуван спа-центар.
За да ја оствариме успешно нашата визија, Ве покануваме да се пријавите за следнава позиција:
Собар/собарка
Основните задачи вклучуваат:
- Местење и чистење на собите/апартманите во согласност со стандардите – местење кревети, чистење и бришење прав, миење на стаклените површини, миење на подовите и на ѕидовите, чистење на санитариите, проверување и известување на надзорникот за сите промени во собата и за точната состојба на собите, известување за техничките недостатоци или за евентуални кражби, проверување на гостинските алишта за перење, проверување на заборавени предмети на гостинот.
- Чистење на заедничките простории, ходниците и на гостинските скали – одржување на редот во заедничките простории (уредите), одржување на количките на собарките уредни, чистење на ходниците, перење на теписите, чистење на стаклените прегради на оградите и миење на подовите.
Кандидатот/кандидатката треба да има:
- Пожелно е најмалку една година искуство во хотели од високи категории
- Потребно е познавање на вообичаените средства за чистење
- Потребно е основно знаење на англискиот јазик, говорно
- Подготвеност за тимска работа
Рок за пријавување: 13.1.2019. година
Целосната пријава се состои од биографија на англиски јазик и со латинично писмо. На вработените од странство, кои ги исполнуваат сите услови за вработување, Sun Gardens Dubrovnik им обезбедува и им ги намирува трошоците за издавање работна дозвола, соодветно сместување и топли оброци на работното место.
Вашата професионална биографија може да ја испратите на следната маил адреса:posao@sungardensdubrovnik.com
Во согласност со прописите за заштита на личните податоци Ве молиме во Вашата пријава да наведете дали се согласувате Вашата биографија и другите податоци што сте ни ги откриле во текот на конкурсот да се задржат во базата на пријавени кандидати во наредните 12 месеци.