Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Кам маркет
КАМ е единствен синџир на маркети во Македонија, кој ги применува основните принципи на хард дисконт: висок квалитет и постојно ниски цени. Со препознатлива мрежа од 71 маркети постојано сме блиску до нашите купувачи.
Поради понатамошен развој, Компанијата има потреба од:
Раководител на маркет/Заменик раководител на маркет
За Реон Штип и Кочани
Потребни квалификации:
ВСС/ССС
Работно искуство минимум 2 години, пожелно во областа;
Аналитичен, ориентиран кон успех, оптимизација на тек на процеси, Раководни и лидерски способности, Високо развиено чувство за координирање на трошоци и економичност.
Одлично познавање на најчесто користени софтверски решенија- MS Office
Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок.
Способност за разрешување на проблеми.
Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интеракција со персоналот и другите одделенија.
Работни задачи:
Одговорен за целокупната стока, состојба и изглед на маркетот (залиха на трговска стока, инвентар, основни средства, ситни пари во каса во износ од утврдениот депозит), средства за одржување на хигена и амбалажа и книговодствената евиденција во продавници) согласно Правилата за работа на КАМ ДОО Скопје и законските прописи.
Раководи и го организира, контролира и едуцира персоналот во маркетот.
Обезбедува оптимални залихи на производи.
Постојано го одржува чист и уреден маркетот.
Обезбедува љубезен и учтив однос кон сите купувачи и така ги задржува старите и привлекува нови купувачи и постојан раст на прометот.
Обезбедува точна документацијата која го прати процесот на проток на стока и продажба.
Ги спроведува мерките за максимална економичност во работењето и текот на сите процеси во работењето на маркетот.
Ги спроведува информациите и упатствата за работа од централа.
Информира за проблемите на маркетот и ги отстранува согласно овластувањата.
Предлага мерки за отклонување на проблеми, унапредување на работењето и успешноста.
Својата функција на организација и контрола ја остварува преку точно дефинирани контроли и мерки и постојана комуникација со претпоставениот регионален раководител.
Oбука во маркет, куцање на каса, редење роба.
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. Индустриска бб (товарна) 1000 Скопје или преку полето Аплицирај
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата нова интернет страница