Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Кам маркет
КАМ е единствен синџир на маркети во Македонија, кој ги применува основните принципи на хард дисконт: висок квалитет и постојно ниски цени. Со препознатлива мрежа од 71 маркети постојано сме блиску до нашите купувачи.
Поради понатамошен развој, Компанијата има потреба од:
Регионален Менаџер
(реон Охрид и Струга)
Потребни квалификации:
ВСС (високо образование) – пожелно економски факултет;
Работно искуство минимум 2 години, пожелно во областа (продажба, маркетинг, производство).
Претходно искуство на раководна позиција (раководител на тим), од минимум 1 година. Раководни и лидерски способности;
Аналитичен, ориентиран кон успех, оптимизација на тек на процеси, Високо развиено чувство за координирање на трошоци и економичност.
Одлично познавање на софтверски решенија- MS Office.
Одлично познавање на Англиски јазик. Втор светски јазик ќе се смета за предност;
Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок.
Способност за разрешување на проблеми.
Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интеракција со персоналот и другите одделенија.
Работни задачи:
Раководење, организирање, контролирање и едуцирање на персоналот во своите маркети.
Со комуникација и контрола на сите аспекти на работењето на персоналот претставува алка помеѓу централата и маркетите, пренесување на информациите и упатствата од централата и обезбедување нивна примена. И обратно, информирање за проблемите на маркетите и отстранување согласно овластувањата.
Својата функција на организација и контрола ја остварува преку точно дефинирани контроли и мерки директно во маркетите. За секоја неделна посета на маркет изготвува детален извештај. До 5ти секој месец изготвува месечен извештај за секој маркет.
Обезбедување примена на сите (квалитативни и сигурносни) стандарди во работењето, согласно важечките закони и правилата и нормите на компанијата.
Менаџирање и оптимирање на процесите за проток и продажба на стока во маркетите.
Спроведување на мерките за максимална економичност во работењето и текот на сите процеси во маркетите.
Предлагање на мерки за отклонување на проблеми, унапредување на работењето и успешноста.
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. Индустриска бб (товарна) 1000 Скопје или преку полето Аплицирај
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата нова интернет страница