Vrabotuvanje.com - Заменик раководител на маркет - Дебар - Дебар - Кам маркет
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Заменик раководител на маркет - Дебар

Дебар

Рок за пријавување:

  • Кам маркет

КАМ е единствен синџир на маркети во Македонија, кој ги применува основните принципи на хард дисконт: висок квалитет и постојно ниски цени. Со препознатлива мрежа од 70 маркети постојано сме блиску до нашите купувачи. 

Поради понатамошен развој, Компанијата има потреба од:

Заменик раководител на маркет 
(ДЕБАР)

Потребни квалификации:

  • ВСС/ССС
  • Работно искуство минимум 2 години, пожелно во областа;
  • Аналитичен, ориентиран кон успех, оптимизација на тек на процеси, Раководни и лидерски способности, Високо развиено чувство за координирање на трошоци и економичност. 
  • Одлично познавање на најчесто користени софтверски решенија- MS Office 
  • Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок.
  • Способност за разрешување на проблеми. 
  • Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интеракција со персоналот и другите одделенија.

Работни задачи: 

  • Одговорен за целокупната стока, состојба и изглед на маркетот (залиха на трговска стока, инвентар, основни средства, ситни пари во каса во износ од утврдениот депозит), средства за одржување на хигена и амбалажа и книговодствената евиденција во продавници) согласно Правилата за работа на КАМ ДОО Скопје и законските прописи.
  • Раководи и го организира, контролира и едуцира персоналот во маркетот. 
  • Обезбедува оптимални залихи  на производи.
  • Постојано го одржува чист и уреден маркетот.   
  • Обезбедува љубезен и учтив однос кон сите купувачи и така ги задржува старите и привлекува нови купувачи и постојан раст на прометот.
  • Обезбедува точна документацијата која го прати процесот на проток на стока и продажба.
  • Ги спроведува мерките за максимална економичност во работењето и текот на сите процеси во работењето на маркетот. 
  • Ги спроведува информациите и упатствата за работа од централа. 
  • Информира за проблемите на маркетот и ги отстранува согласно овластувањата.
  • Предлага мерки за отклонување на проблеми, унапредување на работењето и успешноста.
  • Својата функција на организација и контрола ја остварува преку точно дефинирани контроли и мерки и постојана комуникација со претпоставениот регионален раководител. 
  • Oбука во маркет, куцање на каса, редење роба.
 
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) користејќи го полето „Аплицирај“.
 
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата нова интернет страница
 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде