Доколку сакате да работите во компанија со традиција и присуство на македонскиот пазар повеќе од 25 години, да работите во динамична работна средина, имате желба за работа во дистрибутивниот сектор и сте комункативна личност тогаш ова е работата за вас!
Позиција: Супервизор за продажба
Опис на работно место:
- Одговорен за унапредување,развој и поддршка на продажбата и дистрибуцијата на производите на компанијата за реонот за кој е назначен.Гарантира ефикасна контрола на работењето на дистрибуцијата за зголемување на продуктивноста и остварување на поставените цели. Соработка и одговорност за тимот за кој е назначен и контрола на неговата работа. Активности на терен и во канцеларија, правење анализи, извештаи и планирање, и градење долгорочна соработка со клиентите на компанијата.
Квалификации:
- Образование: ВСС
- Возачка дозвола: Б категорија(активен возач)
- Познавање на Aнглиски јазик
- Познавање на работа со компјутер
- Работно искуство на иста или слична позиција минимум 1 година
Лични карактеристики:
- Иницијатива, комуникативност, упорност, одговорност, организираност
- Проактивен и професионален пристап во работата
- Чесност
- Способност за самостојно решавање на проблемите
- Тимска работа и желба за учење, напредок и усовршување
Работно време од 08 до 16 часот.
Вработување на определено време од 1 месец со можност за продолжување.
Вашата кратка биографија и мотивационо писмо може да ја испратите преку полето Аплицирај или на следната адреса ул.1550 бр.26 - Визбегово, Скопје
По извршена селекција само одбраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Ве молиме без телефонски јавувања