Vrabotuvanje.com - Асистент за усогласеност со прописи - Скопје - Халк банкa А.Д. Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Асистент за усогласеност со прописи

Скопје

Рок за пријавување:

  • Халк банкa А.Д. Скопје

АСИСТЕНТ ЗА УСОГЛАСЕНОСТ СО ПРОПИСИ 
во Централата на Халкбанк А.Д. Скопје 
Референца Бр. 001/2019​

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. 

Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за прием на пополнување на следната работна позиција во Банката:

Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се: 

  • Завршено најмалку Високо образование - Правен или Економски Факултет; 
  • Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 3 години;
  • Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање.
Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:
  • Познавање на регулативата во Република Македонија особено прописите поврзани со банкарското работење; 
  • Следење и имплементација на меѓународната регулатива и пракса од областа на усогласеност со прописите;
  • Идентификување и следење на ризиците од неусогласеност на работењето на банката со прописите; 
  • Проценка на ризикот од неусогласеност со прописите со цел да се разбере нивото на ризик, значењето и обемот на ниво на Банка; 
  • Анализирање на евентуалните неправилности и проблемите со неусогласеност;
  • Давање предлози и превземање на активности за надминување на утврдените неусогласености; 
  • Развивање, координирање и превземање на разни иницијативи за тестирање и следење на усогласеноста;
  • Придонесува  за стабилни и ефективни контроли на усогласеност во рамките на 
  • организацијата;
  • Оцена на потенцијалното влијание од промените во прописите врз работењето на банката и врз нејзиното окружување;
  • Оцена на усогласеноста на новите производи, активности или системи во банката со прописите; 
  • Давање на мислења во врска со примената на прописите; 
  • Аналитичност, ориентираност кон решавање на проблеми и критичко размислување;
  • Соработува со други организациски единици со цел создадавање на култура на усогласеност;
  • Професионален пристап кон работните обврски; 
  • Чесност и доверливост;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Професионален изглед и однесување;
  • Ефикасно менаџирање со време и почитување на рокови.

Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 20-ти јануари 2019 година на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака: Референца Бр. 001/2019 – Асистент за усогласеност со прописи.

За да аплицирате, потребно е да ни доставите ваше резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, како и мотивациско писмо на горенаведената е-маил адреса. Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни. 

Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката.

Напомена: Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Банкарство изнесува 34.278 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде