Должности и работни задачи:
- Мерење на должински и геометриски мерки со помош на мерни инструменти како што се: подвижно мерило, микрометри за надворешно и внатрешно мерење, контролници за проверка на навој, контролни чепови, гранични мерила (еталони), компаратор и сл. како и визуелна контрола, према зададени барања во технички цртеж и/или технолошко пропратна документација
- Контрола во меѓуфазна изработка на деловите - проверка на прво добро парче од сериското/прототипно производство и следење на процесот за време на сериско производство и завршна контрола на деловите
- Основно превентивно одржување на мерната опрема, издавање на истата и известување во случаи на нивна неисправност/дефект
- Управување со интерна документација во писмена и електронска форма односно создавање, пополнување и ажурирање на документација поврзана со контрола на машинските делови и процесот на управување со мерната опрема
- Контрола на влез/излез на роба во форма на суров материјал и услуги за производи извршени од коминтенти
- Одржување на чист, организиран и безбеден работен простор према зададени писмени инструкции
- Задолжително носење на ХТЗ опрема за безбедност и здравје при работа
Барани вештини/компетенции:
- Строго познавање, читање и разбирање на технички цртеж
- Придржување кон писмени или усмени работни инструкции и технолошко-пропратна документација
- Уредно, точно и навремено пополнување на тековна документација
- Основни познавања од работа со компјутер
- Основно познавање на работата со ЦНЦ стругарски/глодачки центар
- Препознавање на мерните инструменти и нивно правилно користење според карактеристиките кои се бараат во техничкиот цртеж/пропратна документација
- Способност и желба за самостојно решавање на стручни практични проблеми при мерењето на деловите
Потребни карактерни особини:
- Кандидатот да биде крајно дисциплиниран во извршувањето на работните задачи
- Одговорен во управувањето со опремата, документацијата и совесен како неговите одлуки би влијаеле во процесот на производство
- Авторитетен, објективен, самостоен, да не потпаѓа под туѓи влијанија
- Самоиницијатива за постигнување на личен раст и тимско залагање
Квалификација (степен и вид на образование):
- Средна стручна подготовка (во областа на машинството) или високо стручна подготовка (машински инженер)
Што нудиме:
- Работа во една смена
- Колективен годишен одмор
- Прекувремена платена работа
- Почетна плата: од 18,000ден. до 27,000ден. во зависност од квалификациите/компетенциите на кандидатот
- Секој кандидат без разлика на приложеното искуство во работата му следи интерна обука спроведена од раководството и истата е под супервизија на соодветен искусен кадар назначен од фирмата
- Платен почетен пробен период од еден месец за адаптирање и запознавање со работните должности
Кандидатите со минимално искуство во работата од 2 години ќе имаат предност пред останатите кандидати, исто така кандидатите кои имаат работено на ЦНЦ глодалка/струг со искуство во работата од 2 години ќе бидат земени во обзир.
Ги охрабруваме и оние кои имаат минимално работно искуство со работата или сметаат дека имаат цврсто познавање и можат да одговорат на горенаведените точки да аплицираат за вработување.
Вашите биографии можете да ги испратите електронски преку полето Брза Апликација.