ПЗУ Клиничка Болница ЖАН МИТЕВ Скопје
19 ГОДИНИ ВРВНА МЕДИЦИНСКА НЕГА
Ориентирана кон суштински вредности, Клиничка Болница „Жан Митрев“ - Скопје, ги поставува принципите и практиките на одговорност, транспарентност, етичко однесување, а пред сè почитување на интересите на своите вработени. Задоволна и здрава работна сила води до зголемена продуктивност, а процесите на работење кои ги задоволуваат и највисоките светски стандарди, ни даваат за право со гордост да зборуваме за нашата општествена одговорност. Ние нудиме пакет со кој придонесуваме нашите стручњаци, докажани секој во својата област, да останат дома и да бидат дел од нашата клиника, а при тоа работејќи во средина во која има врвна дијагностичка опрема и воспоставени светски квалитети. Ние го донесовме „странство”, дома, а Ваше е правото на избор.
Нашата клиника е круната на нашето здравство, а задоволните вработени го чинат нашиот имиџ.
СПЕЦИЈАЛИСТИ ОД СИТЕ ОБЛАСТИ
Одговорности и работни задачи:
- Проценува, оценува, дијагностицира и обезбедува иницијален третман на пациенти од сите возрасти;
- Ги извршува сите должности и одговорности во согласност со воспоставените политики, процедури и упатства на ПЗУ Клиничка болница „ЖАН МИТРЕВ“;
- Внимателно ги користи ресурсите на болницата; ги почитува времето и ресурсите на пациентите и семејството;
- Презема одговорност за сопствените постапки и дејства; има храброст да преземе вистински чекори; искрен e и постигнува висока професионалност во сите активности преку етичко и правно однесување;
- Демонстрира храброст да преземе иницијатива за изнаоѓање на егзактни решенија;
- Демонстрира посветеност за подобрување на индивидуалните перформанси и придонесува кон постигнувањата на тимот и иницијативите за подобрување на квалитетот;
- Ги препознава и ги предвидува потребите на пациентите и се стреми да ги надмине очекувањата на пациентите;
- Демонстрира навремени и точни работни процеси и економично користење на ресурсите во секојдневната работа.
- Специјалистистичко медицинско образование во дејноста
- Лиценца за работа во дејноста
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office програмот