Vrabotuvanje.com - Раководител за клучни клиенти - Скопје - РИФАМ ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Раководител за клучни клиенти

Скопје

Рок за пријавување:

  • РИФАМ ДОО

Ние сме РИФАМ ДОО – комбинираме долгогодишно искуство на регионалните фармацевтски пазари со иновативни решенија, со цел да им овозможиме на пациентите пристап до најквалитетните препарати.

Раководител за клучни клиенти

Главни задачи на позицијата:

  • Одговорен за севкупната комуникација, соработка и резултати во работата со клучни клиенти на РИФАМ доо;
  • Учествува во стратешкото планирање на РИФАМ доо како и во подготовката и спроведувањето на акциските плановите во сектор Фармација;  
  • Блиску соработува со сите сектори во компанијата и придонесува во унапредување на процесите и зголемување на нивната ефикасност.

Задачи и одговорности:

  • Под надзор на Раководителот на сектор Фармација, извршува активности во сектор Фармација на дневна основа во согласност со утврдените работни планови и задачи.
  • 2. Управува со покривањето на клучните клиенти преку јакнење на свеста за брендовите на компанијата и таргетирани дискусии и промотивни настани со здравствени работници;
  • 3. Под надзор на Раководителот на сектор Фармација, подготвува бизнис план за клучните клиенти обезбедувајќи комплементарност со компаниските стратегии. 
  • 4. Може да ја претставува компанијата на професионални настани и да ги промовира компаниските брендови на истите;
  • 5. Прави анализа на трендови и идентификува краткорочни цели во насока на зајакнување на позициите на компанијата;
  • 6. Превзема активности за развивање на пазарот за продуктите во рамки на компаниската стратегија и процедурите. 
  • 7. Развива детално познавање на потребите и системот на давање здравствени услуги на секој од клучните клиенти (вклучително и хиерархиска поставеност, клучен персонал, внатрешни процедури итн). 
  • 8. Одговорен е за планирање, спроведување и следење на учеството на РИФАМ доо во тендерските постапки;
  • 9. Задолжително обезбедува работење во комплетна согласност со позитивните законски прописи како и со процедурите во соодветните агенции и останати регулаторни тела;
  • 10. Креира и одржува база на клучни клиенти и трошоци поврзани со истите;
  • 11. Ги извршува сите административни задачи квалитетно и навремено. 
  • 12. Континуирано демонстрира личен интегритет и етички пристап во работењето;
  • 13. Учествува на координативните средби во секторот и компанијата и одржува комуникација и континуирана соработка со останатите сектори;    
  • 14. Во договор со со Раководителот на сектор Фармација извршува и други задачи и превзема одговорности кои се во рамки на позицијата и предвидени со прецедурите и правилниците за работа на РИФАМ доо.

Потребни квалификации:

  • ВСС - Медицински науки (Општа медицина, Стоматологија, Фармација) 
  • 3 години соодветно работно искуство во фармацевтски сектор
  • 5 години работно искуство во секторот
  • 3 Работно искуство во зоната на одговорност
  • Машки, 30-35 години, постдипломски студии во некоја од медицинските науки се пожелни
  • Стручна компетентност 
  • Користење на CRM софтвер
  • Одлично познавање на MS Windows и MS Office  
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Познавање на законската регулатива од соодветната област

Ние нудиме:

  • 40 часа неделно работно време, канцеларија во Скопје и патување во земјата и странство по потреба
  • Евалуација според KPI на секои 6 месеци со можност за покачување на плата, годишни бонуси врз основа на исполнети цели, службени патувања и обуки за усовршување во странство, службен автомобил со 100 км бесплатно возење за лични потреби, службен преносен компјутер, службен мобилен телефон со број, службена картичка за гориво, службена картичка со аванс за тековни трошоци, осигурување во случај на незгода и повреда на работно место. 
  • 46.000 денари почетна нето плата

 

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги испратат преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака за која позиција Аплицираат.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде