DS Smith е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локална услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во четири дивизии: амбалажа, рециклирање, пластика и хартија.
Со тим од над 22.000 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и чесност.
Ги поттикнуваме вработените да ги прифатат нашите пет основни вредности: да се грижиме, да си задаваме предизвици, да ни веруваат, да реагираме, да сме упорни. Овие основни вредности не водат при донесување на одлуки и ги обликуваат политиките и праксите на компанијата. Ова ни овозможува успешно да ги оствариме нашите стратешки цели и да ги задоволиме потребите на сите наши заинтересирани страни. Повеќе информации на www.dssmith.com
DS Smith Скопје вработува:
Оператор на машина во производство
Возач на камион
Потребни квалификации:
- Средно образование
- Со или без работно искуство
- Организираност и одговорност
- Способност за работа во тим
- Мотивирана и стабилна личност
- Возачка дозвола C категорија ( за возач на камион)
Што нудиме: работа во интернационална компанија, во динамична атмосфера, со можност за персонален и професионален развој.
Сите заинтересирани кандидати кој ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават CV, со назнака за која позиција аплицираат, преку полето Брза Апликација не подоцна од 28.02.2019
Само оние апликации кој ги задоволуваат критериумите наведени погоре ќе бидат поканети на интервју.