ЗЕГИН ДОО е првата приватна компанија во Република Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.
Поради проширување на својот тим, имаме потреба од:
Дипломиран фармацевт / Фармацевтски техничар
Реон Радовиш
Потребни квалификации:
- ВСС - Фармацевт
- ССС – Фармацевтски техничар
- Претходно работно искуство во аптека ќе се смета како предност
- Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office
Посакувани карактеристики:
- Способност за брзо учење,
- Развиени комуникациски вештини,
- Стручност и елоквентост,
- Диманичност и креативност,
- Организираност, самоиницијативност.
Што нудиме:
- Високи месечни примања + бонуси во согласност со постигнатите резултати.
- Можност за професионален развој и надоградба,
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Дипломиран фармацевт или Фармацевтски техничар преку полето Аплицирај Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.