Техничари во одржување
Локација: Скопје, Македонија
Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
Џонсон Мети има потреба од:
Машински техничар во одржување (Maintenance Technician- Mechanical) Реф. Бр. 2019002
Главни одговорности
- Одржување на опремата од погонот за производство и останатата опрема која што го подржува работењето на погонот за производство, обезбедувајќи максимална ефикасност и минимално потрошено време
- Извршување на сите доделени обврски правилно, во договорената временска рамка, со почитување на барањата за здравје и безбедност при работа
- Справување со машински дефекти и превентивно одржување на опремата
- Асистирање во одржувањето на сите системи во рамките на фабриката
- Придонес за развој на одделот со иницирање на идеи за подобрување на ефикасноста/продуктивноста и безбедноста во сите работни области
- Работа со останатите колеги на совладување проблеми во функционирањето на опремата, изнаоѓање и имплементирање на нови подобри технички решенија, и сл.
Електро-техничар во одржување (Maintenance Technician - Electrical) Реф. Бр. 2019002-1
- Одржување на опрема од погонот за производство и останата опрема која што го подржува работењето на истото, обезбедувајќи максимална ефикасност и минимално потрошено време
- Справување со електрични дефекти, инсталации и превентивно одржување
- Придонес кон развој на одделот со предлози/идеи за подобрување на ефикасноста, продуктивноста и безбедноста во сите работни области
- Грижа за резервните делови
- Работа со останатите колеги на совладување проблеми и изнаоѓање решенија, и сл.
- Можност за стекнување знаења од областа на електротехниката во мултинационална компанија во и надвор од границите на државата.
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
- Задолжително средно образование (техничка струка) / Високо образование (Машински/Електро)
- Соодветно работно искуство со процеси и инструменти во одржување
- Познавање на опрема за автоматика: релејно контакторска опрема, сензори, индустриски мрежи и опрема за управување (за електро-техничари)
- Техничко знаење и искуство во одржување пневматски системи и компоненти, хидраулични системи, горилници на земјен гас или нафта, одржување на мотори, пумпи, вентили, транспортери, мешалки
- (за машинските техничари)
- Способност за независно работење, ефикасно решавање на проблеми под притисок со зададени рокови
- Потребно е основно познавање на говорен и пишан англиски јазик како и MS Office пакет
Позицијата подразбира работа во смени 24/7
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, испратете ваша биографија преку полето Брза Апликација и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.
Краен рок за аплицирање: 3 Февруари 2019