Vrabotuvanje.com - Комерцијалист - Штип, Радовиш, Струмица - ЕВРО СТИЛ ТРЕЈД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Комерцијалист

Штип, Радовиш, Струмица

Рок за пријавување:

  • ЕВРО СТИЛ ТРЕЈД

КОМЕРЦИЈАЛИСТ

„Евро Стил Трејд“ е компанија за дистрибуција, специјализирана за директна достава до повеќе од 3,500 малопродажни објекти низ Македонија, чиешто седиште на канцелариите и магацинот се наоѓа во Скопје. Компанијата е основана во 2007 и е со  повеќе од 10 години искуство во трговијата во Македонија. Активни канали на дистрибуција на „Евро Стил Трејд“ се: супермаркетите, маркетите, парфимериите, аптеките, магацините за храна и козметика, супермаркетите за техника и бензинските станици.

Потребни квалификации:
  • Минимум завршено средно образование
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност
  • Возачка дозвола Б – категорија
  • Место на живеење Штип, Радовиш, Струмица
Одговорности и задачи:
  • Одговорен за извршување на продажба (нарачки)  и проследување на истите
  • Грижа за робата во маркетите преку следење на рокови, позиции, мерчендајзинг и сл
  • Извршува сродни работи по налог на претпоставениот супервизор
Личен профил:
  • Комуникативност, организираност и одговорност  
  • Динамични лица, насочени кон остварување резултати     
  • Флексибилност за работа на терен
  • Способност за тимска работа
  • Способност за работа со дадени рокови и работа под притисок
  • Позитивен став и брзина во работењето

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим,
испратете го Вашето CV на evrostiltrejd@evrostiltrejd.com.mk

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде