МЕДИЦИНСКО ЛИЦЕ
- Пружање на прва помош во случај на повреди, несреќа при работа или други случаи кога на вработениот треба да му се укаже прва помош на работното место, додека истиот не биде пренесен во соодветна здравствена установа;
- Придружување/транспортирање на вработените до најблиската соодветна здравствена установа, во зависност од типот на повредата, односно несреќата;
- Во соработка со Координаторот за безбедност и здравје при работа се грижи за организација на систематските прегледи за вработените (претходни и периодични), во делот на водењето на администрација на истите;
- Врши контрола преку ненајавени и најавени посети на вработените евидентирани дека користат боледување;
- Врши обуки за вработените од областа на превентивната здравствена заштита и хигиена;
- Врши коресподенција со Фондот за здравствено осигурување во делот на контрола (супервизија) на издадените боледувања;
- Врши други работни задачи по налог на претпоставениот раководител;
- ССС – Медицинско училиште
- Најмалку 2 годишно работно искуство како медицинско лице во здравствена установа (пожелно медицина на трудот) и искуство во пружање на прва помош;
- Познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Добро познавање на MS Excel;
- Возачка дозвола – Б категорија;
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ;
- Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
- Можност за професионално усовршување, обука и напредок на работното место;
- Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;
- Обезбедена исхрана во современа кантина;