Vrabotuvanje.com - Комерцијалист - Скопје - Starcon Shipping
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Комерцијалист

Скопје

Рок за пријавување:

  • Starcon Shipping

Кои сме ние?

Ние сме официјалното претставништво на третата најголема бродска компанија во светот Cosco Shipping.
Cosco Shipping  е државна кинеска компанија која поседува над 1200 товарни бродови, како и над 22.000 вработени ширум светот.
Станете дел од глобална мрежа на компанија која е лидер во светот во однос на иновативност и експедитивност во поморскиот транспорт.

Нашата визија:

Филозофијата на нашето работење е да постигнеме оптимален баланс и синергија помеѓу сите делови и операции кои ги остваруваме во рамките на компанијата. Наша главна цел е обезбедување додатна вредност на сите услуги кои ги нудиме према нашите клиенти. Тоа ќе го постигнеме единствено со стабилно поврзување на операциите на сите нивоа и во сите сегменти на работењето. 
Само поради оваа причина, опсегот на услуги што ги нудиме денес претставува збир на вакви позитивни идеали кои го компилираат и дефинираат нашиот првокласен сервис како и високите критериуми за работење што ги поставивме.  

Во тој поглед ги идентификувавме факторите за успех и нашите препознатливи корпоративни вредности:

1. Мотивирање на нашите вработени за подобрување на односот кон нивниот клиент, самонадоградување како и  фокус на пазарот. 
2. Постојан стремеж кон нови стандарди за квалитет и вредност на премиум услуга. 
3. Константен напор за генерирање на нови идеи и унапредувања дури и кога условите изгледаат задоволителни.

Корпоративна општествена одговорност:

Вработени
Нашите вработени се најзначајниот дел и клучен фактор за континуираниот раст и успех на компанијата. Ние сме посветени за развој на кариери и обезбедување на работната средина во која нашите луѓе можат да  ги постигнат најдобрите резултати и да го откријат својот потенцијал. Сите вработени се константно охрабрени да дискутираат за секојдневните оперативни проблеми како и да предложат начини за подобрување на ефективноста и ефикасноста во работењето. Компанијата го поддржува личниот и професионалниот развој преку општествени собири, групни патувања, посети на саеми и курсеви, како и инвестирање во нови вештини и обуки за членовите на тимот.

Еднакви можности 
Нашата политика е да се има еднакви можности и разновидност во вработувањето, и веруваме дека тоа е од суштинско значење за  долгорочен успех и раст. 
За таа цел, компанијата  прави максимални напори за избор, регрутирање, обука и промовирање на најдобрите кандидати соодветни за природата на работата. Ги третираме сите вработени и апликанти праведно, без оглед на расата, полот, брачниот статус, возраста, националноста, етничкото потекло, верското уверување, сексуалната ориентација или попреченост.  Осигуруваме дека ниту еден вработен не трпи малтретирање или заплашување.

Кариера 

Вие.....
....сте некој кој е страстен за логистиката и меѓународната трговија. Подготвени сте да научитe и да работите во средина каде што треба да се превземе одговорност и каде што луѓето се подготвени да ги постигнат своите цели натпреварувајќи се со главните конкуренти во индустријата. 
Ако сакате да растете лично и професионално  работејќи во одличен тим на експерти и развивате сопствени идеи за подобрување на постојниот бизнис, тогаш веројатно сте вистински кандидат за нас.

Ние ...
... нудиме фер третман и еднакви можности за сите кандидати кои се подготвени да работат и да ги постигнат своите цели во рамките на индустријата. Ние сме подготвени да ви помогнеме во развојот на вашата кариера и да ви овозможиме да станете професионалец во оваа област. Обезбедуваме пријатни услови за работа и професионален тим на колеги секогаш спремни да помогнат.

Комерцијалист

Одговорности:
  • Редовна телефонска и е-маил комуникација со постоечки и потенцијални клиенти
  • Обезбедување високо квалитетна услуга преку следење на специфични процедури за работа
  • Известување на дневно, неделно и месечно ниво за реализирани повици 
  • Ги слуша потребите и побарувањата на клиентите и соодветно го информира одговорното лице во тимот
 
Профил на личност:
  • Одлични продажни, организациски и комуникациски вештини
  • Самоиницијативност и амбициозност
  • Висок степен на одговорност, ефикасност и ефективност
  • Динамична и мотивирана личност, насочена кон остварување резултати
  • Планирачки способности, приспособливост и насочен кон предизвици
 
Потребни квалификации:
  • Завршено високо образование
  • Претходно искуство во телефонска продажба, маркетинг и развивање и унапредување на релации со клиенти ќе се смета за предност
  • Работно познавање на MS Office, Excel, Outlook
  • Познавање на англиски јазик, напредно ниво
  • Активен возач со Б-кат.е предност
  • Ефективна комуникација, eлоквентност и дикција
  • Способност за решавање на проблеми и превземање одговорност за постигнати резулати
  • Способност за тимска работа, како и работа под притисок
 
Што нудиме:
  • Одлични можности за напредување, едуцирање, како и стекнување на богато искуство
  • Убава и пријатна работна средина
  • Можност за развој во кариерата во неколку области од  работењето на бродскиот транспорт
 
Ве молиме, пред да аплицирате земете го во предвид следново:
  • Дали се чувствувате комотно секојдневно телефонски да се јавувате кај вашите клиенти?
  • Дали сте профил кој преферира долготрајни работни релации и обврски?

 

Ако мислите дека сте вистинскиот кандидат за да бидете наш следен член во тимот, испратете ја Вашата биографија електронски преку полето Аплицирај.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде