Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ЕУРО-ФАРМ
Фармацевтската компанија ЕУРО-ФАРМ е основана во средината на 2000-та година, кога во Скопје е отворена првата аптека од ланецот аптеки ЕУРО-ФАРМ. Од тогаш до денес евидентен е постојан подем во развојот и унапредувањето на компанијата. Денес Еуро-фарм е компанија во чии склоп влегуваат 87 аптеки ширум Македонија и веледрогерија која е високорангирана според прометот со лекови на територијата на Р.Македонија. Бројот на вработени исто така е во постојан пораст. Во нашата компанија моментално се вработени 415 лица од најразличен профил (215 од нив се дипломирани фармацевти а останатите се фармацевтски техничари и друг технички персонал).
Активно сме вклучени и во подршка на научните и културните настани во Р.Македонија преку подршка на социо-хуманитарни акции и институции.
Во моментов имаме потреба од проширување на својот тим, на позиција
Дипломиран фармацевт / Фармацевстки техничар За Струга
Потребни квалификации:
ВСС фармацевтски факултет
ССС фармацевтски техничар
Работа со компјутери
Посакувани карактеристики:
Развиени комуникациски особини
Стручност и елоквентност
Одговорност
Флескибилност за соработка на широк профил на луѓе
Професионален и љубезен однос
Позитивен став
Сите заинтересирани кандидати нека ги достават своите CVа преку полето Брза Апликација, со назнака за работа во аптека Еурофарм Струга
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Фармација и Биотехнологија изнесува 36.814 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!