Vrabotuvanje.com - Менаџер за човечки ресурси - Скопје - ЗУР Маркет
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Менаџер за човечки ресурси

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЗУР Маркет

Сакате да учите и да се унапредувате? Сакате да бидете дел од врвен и високо обучен тим, и да бидете дел од пријатна атмосфера?

Сега е вашата шанса да станете дел од нашето семејството!

ЗУР МАРКЕТ го проширува семејството. Доколку сте лојални, ведри и имате желба за работа, ве очекуваме!

МЕНАЏЕР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ


ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Образование: ВСС – Општествена насока/ психологија/ менаџмент на човечки ресурси
  • Работно искуство од мин. 2 год. на менаџерска позиција во домен на HR
  • Активно познавање на англиски јазик –минимум Б2 ниво
  • Напредно познавање на MS Office
  • Едуцирани комуникациски и лидерски вештини
  • Возачка дозвола – Б категорија

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Предлага и адаптира стратегии, политики и процедури во домен на НR, согласно стандардите на ЗУР МАРКЕТ; 
  • Ги интегрира предлозите и изработува годишни и квартални планови за прием на кадри;
  • Ги обезбедува потребните кадри: ги обработува барањата за прием, го координира процесот на регрутација, учествува во селекцијата и распоредот на вработени;
  • Креира планови на обука, изработува стратегии за управување со знаење, дава мислење во однос на предлозите за обука, обезбедува оцени на обуките и ефектот од обуката;
  • Организира интерни или “in house” обуки;
  • Ја оценува работата и/или потенцијалот на вработените;
  • Изработува планови за развој на вработените на ниво на фирмата и учествува во планирањето на кариерниот развој на клучните кадри;
  • Врши евалуација - фидбек 360 на годишно ниво, анализа на задоволството од работа во СВ и потенцијалната флуктуација; 
  • Учествува во креирање на корпоративната култура и предлага мерки кои треба да се преземат;
  • Учествува во решавање на конфликти и недоразбирања, лоша работна атмосфера и тоа како прва “надворешна/вонсекторска“ инстанца;
  • Пружа советодавна помош на менаџерите на сите нивоа во домен на HR;
  • Изработува административна документација која произлегува од правата и обврските на работниот однос;
  • Се грижи за податоците и информациите за вработените како деловна тајна и ја штити приватноста;
  • Ја контролира имплементацијата и реализацијата на сите планови, одлуки, процедури и мерки во домен на HR;
  • Изработува извештаи од домен на HR;
  • Ги следи промените на законската регулатива во домен на работни односи;
  • Извршува и други работи по налог на претпоставениот.

ЛИЧЕН ПРОФИЛ:

  • Доверливост и лојалност;
  • Спремност за преземање на одговорност
  • Флексибилност за работата во динамична атмосфера и со кратки рокови
  • Способност за работа под притисок
  • Конструктивен пристап кон работни предизвици
  • Способност за менаџирење и контролирање на обврските
  • Тимска работа

Заинтересираните можат:

Да испратат своја професионална биографија CV преку полето Брза Апликација.
Да се јават на 076 314 276 секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Човечки ресурси изнесува 36.801 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде