НОВА Меѓународни Училишта објавува оглас за:
Професор по математика во гимназија
За оваа позиција, кандидатот треба да поседува вештини поврзани со предавање математика, да е запознаен со современите текови во оваа дисциплина и да ги следи истите, како и да е способен да им го предава предметот на ученици со различни предзнаења. Пожелно е кандидатот да има претходно искуство и да е запознаен со меѓународни образовни програми. Напредното познавање на англискиот јазик е задолжително, особено во смисла на професионална комуникација поврзана со математика.
Задолженија на кандидатот:
- Да држи предавања и вежби со учениците
- Да ги прилагодува наставните планови и програми согласно потребите
- Да соработува со колегите во извршувањето на задолженијата на одделот по математика
- Да планира и спроведува активности со цел унапредување на образованието на учениците
Услови:
- Да поседува универзитетска диплома во соодветна дисциплина, пожелно од областа на математиката, или пак од сродни области како природни науки, технички науки и сл.
- Доколку нема квалификација професор, да поседува соодветна педагошко-психолошка и методска доквалификација.
Заинтересираните кандидати треба да ги испратат следниве документи преку електронска пошта на recruitment@nova.edu.mk не подоцна од 20.03.2019 година:
● Мотивациско писмо
● CV
● Доказ за завршено образование
Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат поканети на интервју, за што ќе бидат дополнително известени.