- Управува со локомотива за внатрешни потреби на компанијата (во капацитетите на компанијата)
- Прави визуелна редовна проверка за исправност на локомотивата
- Управува со индустриските машини (бос и виљушкар) на работодавачот согласно сертификатите што ги поседува
- Самостојно го одржува возилото со кое управува
- Во отсуство на работни активности, вработениот може да:
- Го чисти своето работно место и да ја обележува (фарба) линијата на која работи
- Изготвува примо-предајни листи за примање и предавање на материјалот во меѓуфаза
- Внесува податоци во апликација дефинирана од страна на работодавачот
- Селектира котури од претходно дефинирана програма
- Ги извршува сите административни работи (извештаи, внесувања, известувања, итн) согласно процедурите за работа
- Се грижи за хигиената (чистотата) во својата смена и истата ја предава исправна на наредната смена
- Ги спроведува мерките за заштита при работа, пожар и екологија
- Врши и други бизнис задачи по барање на неговиот/нејзиниот претпоставен
- Средно стручно образование, Сообраќајна струка, Насока – Машиновозач за дизел и електрични влечни возила
- Поседување соодветен сертификат за управување со вилушкар ќе се смета за предност при селекцијата
- Професионална експертиза
- Можност за работа во смени
- Комуникациски вештини
- Тимски работник
- Почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа