Vrabotuvanje.com - Oператор во производство - Скопје - АД ЕВРОПА Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Oператор во производство

Скопје

Рок за пријавување:

  • АД ЕВРОПА Скопје

AД Европа: Слатка бајка на вкусови кои гарантираат уживање

Уживајте во вкусот кој ги поминува границите и ги надминува вашите очекувања

AД Европа е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 135 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот.

Така, пренесувајќи го искуството и зголемувајќи го квалитетот низ повеќе генерации, таа станува она што е денес – стабилна индустриска компанија со продажба на своите производи на странски и домашен пазар.

AД Европа има потреба од следната работна позиција

Oператор во производство - варење локум 2 извршители​

 
Опис на работата:
  • Според работното упатство и рецептура, става потребни суровини во дупликаторот за варење на локум;
  • Го припрема дупликаторот така што го испушта кондензот, го затвора вентилот за конденз и пушта пареа за готвење;
  • Во текот на работата должен е потполно да ја применува технолошката постапка за варење локум;
  • Го пополнува записот за производство на локум 
  • Во случај на несоодветна суровина или при констатирање на некој друг недостаток за време на припрема на локумска маса должен е да ги извести одговорните лица во секторот;
  • Во случај на дефект на машина го известува асистентот на менаџер на сектор и одговорниот машинбравар;
  • Го одредува крајот на припрема на локумска маса;
  • Работникот заедно со помошникот ја испушта локумската маса од дупликаторот во тацни  и  внимава да биде излиена со еднаква висина;
  • По завршена работа ја исклучува пареата и ги чисти дупликаторите и работното место според упатството за чистење и го пополнува записот за чистење;
  • За време на работа носи работна облека, капа и чизми;
  • За својата работа одговара на асистентот на менаџер и на менаџерот на сектор;
  • Запознаен е со принципите на НАССР стандардот и истиот го применува во работењето.
 
За извршување на горенаведените работни задачи, вработениот треба да ги поседува следните лични особини и карактеристики
  • Прецизност, точност и посветеност на работата
  • Креативност и способност за тимска работа
  • Способност за решавање на проблеми
  • Развиена брзина на реакција
  • Моторички способности за извршување на физичка работа
 
Потребни квалификации:
  • Завршено средно образование
  • Со или без работно искуство
  • Работно искуство на исто или слично работно место во производство ќе се смета за предност
 
Ние нудиме:
  • Редовни месечни примања, надоместоци и бенефиции 
  • Можност за доусовршување и напредување
  • Работа во смени:I смена: 6.00часот – 14 часот II смена: 14часот- 22 часот, место на извршшвање: ул. 808 бр. 8, 1000 Скопје
 

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на селективно интервју и тестирање.
Сите заинтересирани кандидати своите биографии може да ги достават преку полето Аплицирај.​

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде