Vrabotuvanje.com - Продавач/ка за сопствена малопродажба - Скопје - АД ЕВРОПА Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Продавач/ка за сопствена малопродажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • АД ЕВРОПА Скопје

AД Европа: Слатка бајка на вкусови кои гарантираат уживање

Уживајте во вкусот кој ги поминува границите и ги надминува вашите очекувања

AД Европа е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 135 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот. Така, пренесувајќи го искуството и зголемувајќи го квалитетот низ повеќе генерации, таа станува она што е денес – стабилна индустриска компанија со продажба на своите производи на странски и домашен пазар.

АД ЕВРОПА објавува оглас за работно место 

ПРОДАВАЧ/КА ЗА СОПСТВЕНА МАЛОПРОДАЖБА
(2 ИЗВРШИТЕЛИ)

 

Работни задачи:

  • Ја организира и реализира продажбата на готови производи во продавница
  • Прави навремени нарачки на потребните производи
  • Врши прием на производи и ја контролира квалитативната и квантитативната исправност на примените производи
  • Ги складира примените производи, ги подредува на рафтовите, како и во специјалните садови
  • Врши контрола на исправноста на производите во продавницата
  • Запишува и води трговски книги
  • Познава соодветни регулативи во однос на продажбата
  • Се однесува во согласност со усвоениот Кодекс на однесување 


Потребни квалификации:

  • ССС (економски смер или гимназија)
  • Брзина, прецизност, одговорност, ефикасност во работата
  • Организираност, аналитичност, ефективност
  • Високо развиено чувство за естетски вредности, креативност 
  • Одлични комуникациски вештини и тимска работа

Компанијата нуди:

  • Можност за вработување на неопределено време
  • Можност за стручно усовршување
  • Можност да ја развивате својата кариера во една добро позната компанија со долгогодишна традиција
  • Динамична работа во професионално окружување
  • Редовни месечни примања, надоместоци и бенефиции 
 

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на селективно интервју и тестирање.
Сите заинтересирани кандидати своите биографии може да ги достават преку полето Аплицирај.​

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде